Дома Археологија Резиме од Семинарот за културно наследство vs. Меѓународниот ден на спомениците и...

Резиме од Семинарот за културно наследство vs. Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

2,513 views
2

 

Бидејќи британските археолози го искажаа своето мислење и ги пофалија истражувањата на Кале, дојде време да направам резиме за изминатиот Семинар за заштита на Културно наследство разгледувано преку конвенцијата Ла Валета, на кој меѓу другите учествував и јас.

Ако некој воопшто и си помислил дека британските археолози се дојдени тука да ни попуваат и да не учат, многу погрешил. Преку разговори и работилници тие всушност ни ги кажуваа своите искуства како да ја надминеме кризата во која се наоѓаме во моментов, бидејќи во минатото и тие на одредени нивоа се имаат соочено со истите проблеми при третирање на своето културното наследство. А и затоа што е секогаш подобро да се искористат туѓи искуства, отколку да се имаат сопствени кои во овој случај со оглед на моменталното знаење за менаџирање во културата, би биле едноставно погубни за нашите археолошки локалитети. Така дознавме дека до 1984 година Велика Британија немала национална стратегија за археологија. Дека English heritage иако е оригинално владина организација, направена е да функционира како нејзина опзиција. Дека по закон во Британија во секоја општина има вработено по еден археолог. Дека имаат одред на обучени полицајци за антиквитети кои на другите полицајци им држат часови. Дека е применета методата Night walking во правец на превенција на археолошките локалитети од томб рајдери итн…

Позитивната атмосвера и заклучоците кои ги извлековме, од овој би рекла пред се успешен семинар, беа дека можеме да ги примениме искуствата со тоа што нивниот роул модел би го адаптирале на нашите услови. Потоа се дојде до едно резиме дека ни е потребна поагресивна археологија и медиумски притисок врз жителите. Тоа може да биде потпомогнато со публикување на популарна археолошка литература. Но тука се соочивме со уште еден проблем. За да се напише популарен текст, тој мора да се базира на стручните текстови т.е публикации, бидејќи тоа е единствениот начин да се дознае што е пронајдено на одредени ископувања. А тие во изминативе 50 години, како што повеќето од нас се сложивме, во Македонија тие отсуствуваат.

Инаку да напоменам дека третиот ден од семинарот се поклопи (по случајност) со Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите. Во нашата држава тој беше прославен со еднодневен семинар во Битола од гранката на ICOMOS во Македонија. Но јас претставници на ICOMOS на Семинарот за заштита на Културно наследство не видов, а по сите критериуми требаа да бидат таму. Каква е тоа организација која се бори за културата, а не учестувува на семинар за заштита на истата. Посебно што ICOMOS во Македонија делуваат, а не сум запознаена за нивната работа бидејќи немаат сопствен web site каде би ги следеле нивните активности, а до мене се уште не доспеал информатор во хартиена верзија. Oф д рекорд за напишаното во Утрински дека во Скопје дошле претставниците на познатата британска археолошка школа, ќе додадам дека не е така. Тоа се луѓе кои навистина се претставници на разни институции, но кои ретко се сретнуваат сите заедно на едно место. Па дури тоа била и Британија.


Препорачани линкови: Утрински: Искуства на британските археолози за заштита на културното
Утрински: И археологијата треба да се стави во функција на економски развој
Утрински: Одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите
Утрински: ИКОМОС – Културен предел и споменици на природата

———————————–
Вечер: Семинар за заштита на наследството
Вечер: Да ја спознаеме македонската археологија
Вечер: ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

———————————–
Нова Македонија: Примена на Конвенцијата од Ла Валета – Започна проектот за управување со културното наследство
Нова Македонија: Во Битола одбележан Светскиот ден на културното наследство

———————————
Време: Учествуваат експерти од Велика Британија
Време: Археолошкото наследство е во критична состојба
Време: Оставнина за иднината

2 КОМЕНТАРИ

  1. […] Тешко се справуваме не само со заштитата на нашето наследство, туку и со третманот на археолошките локалитети во културен  предел. Имплементацијата на Конвенцијата од Ла Валета како да се подзаборава иако таа е валидно законски ратификувана во земјава (1,2). […]

Leave a Reply to Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (2) » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име