Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не

Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не

1,816 views
2
Една интересна анкета на весникот Време со наслов – Скопјани не знаат каде е! – открива дека  поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија кои доаѓаат или живеат во Скопје, не знаат дека постои, а пак оние што знаат, не знаат каде се наоѓа овој Споменик на културата.

Дали непристапноста е главна пречка за промоција на Аквадуктот, или во прашање е нешто поелементарно. Покрај тоа што Секторот за туризам на Република Македонија и неговиот оддел за локален економски развој се потрудил да не ја запознае јавноста со културното богатството кое го поседуваме, еден одличен пост на Волан, ни ја открива главната причина зашто граѓаните на оваа држава не можат да пристапат до фантастичниот Римски аквадукт во Скопје.

СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба, е напис за истоимената улица која поминува покрај Аквадуктот и е проектирана уште од Кензо Танге пред повеќе од 40 години … Изградбата на оваа улицата која е долга само 2 километра трае повеќе од 5 години и тоа од кога е решено дека му е неопходна на Скопје … Во меѓувреме Аквадуктот тоне под велот на заборавот, оставен на забот на времето.

Сакам да знам зошто Аквадуктот не е означен на мапи, не е лоциран со табли и патокази, не е изработен флаер, книжуле или web site за презентација на истиот. Сакам да знам, не како археолог, туку како граѓанин на оваа држава зошто не можам да пристапам до Римскиот Аквадукт во Скопје.

И на крај краева сакам да знам која е таа комисија што кога во 1986 година се подготвувал туристичкиот водич за Скопје, не сакала во него да се опише аквадуктот? Затоа што тоа би било дезинформација оти туристите никогаш не ќе можат да го посетат поради непристапноста.

од Време

Кои се бре тие да решаваат што е ин а што аут во културното наследство кое му припаѓа на целиот свет? Абе како не и е срам на оваа држава и на институциите (владини или невладини) да не се заинтересираат за ревитализација на скопскиот Аквадукт. Јас со мојот блог имам направено десет пати поголема презентација за културното богатство на Македонија, отколку сите нивни флаери кои ги прават во тираж од 500 примероци и си ги перат парите со овакви проекти.
Додека на чело во оваа држава не дојдат луѓето кои се повеќе заинтересирани за културното наследство на Македонија, а не за својот џеб, за жал ништо нема да се промени на полето на оваа проблематика. Не знам ни дали ќе помогне акцијата на ДОМ зошто искуството ме натерало да се сомневам во вистинитоста на вакавите проекти.

А аквадуктот кој пак е приказна сама за себе ќе попричекаме да ни ги раскаже своите тајни.

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here