20th April 2007

Агресивна археологија – во Македонија има над 400 незапослени археолози

posted in Археологија |

Во последно време (како што можете да забележите и од мојот блог) во Македонија нагло почнаа да се интензивираат случувањата на полето на археологијата. Семинари, ископувања, презентирање и заштитата на културното наследство се само дел од настаните кои почнаа да ја градат базата на еден сосема нов приод кај моите колеги. Прераснувајќи пополека во европско и во светско, какво што од секогаш и било културно богатство кое доаѓа од територијата на Македонија, се прави вистинскиот чекор кон создавање на платформа која ќе има поприлично силни влијанија во сите свери од нашиот живот. Последниов период присуствував на неколку настани каде случајно или не, беше спомената бројката од 400 дипломирани, а незапослени археолози. Фактот е поразувачки, но… Правејќи напор од мемливата прашина на заборавот да извадат парчиња од минатото со кои ќе ја поткепат нашата гордост и барајќи начини да си го обезбедат своето место под сонцето, веројатно на повеќето од нив се должи и промената на перцепцијата во однос на третирањето на културното наследство.

Сметам дека е редно време археолозите да го подигнат својот глас, да отидат еден чекор понатаму, да започнат една долга и исцрпувачка кампања и да го постават лимитот на она што јас го подразбирам како Агресивна археологија. Затоа што е создадена доволна бројка на археолози која е еквивален на критична маса на луѓе што може да промени многу работи, која би генерирала повисока свесност за истото тоа богатство и би резултирала со влегувањето на Македонија во EU, каде ќе покажеме дека самите сме способни да менаџираме и да управуваме со сопственото културно наследство..

Но почетокот на сето ова ќе се случи само ако успееме археологијата да им ја доближиме на обичните луѓе. Нешто од типот на:

Open public day at Skopsko kale

што јас го предложив на веќе изминатиот семинар за културното наследство. Однапред определен ден кога граѓаните ќе можат да дојдат, да се прошетаат на Скопското кале и археолозите ќе им бидат на располагање за сите нивни прашања. Да се надевам дека моите колеги, за доброто на сите нас, ќе наседнат на оваа иницијатива :)

Bookmark and Share

There are currently 2 responses to “Агресивна археологија – во Македонија има над 400 незапослени археолози”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On December 7th, 2008, Археолошки впечатоци од 20 симпозиум на МАНД » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] да постои како таков и нема да го спасат дури ни оние 400 археолози кои се уште не се вработени. А како тргнала работава, уште долго нема ни да [...]

  2. 2 On January 20th, 2009, И во 2009 - Остваруваме археологија, ама по дома » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] и оваа година не биде ништо од одамна ветените запослувања барем за едно 200-300 неврабо…во наводниот музеј кој допрва ќе почне да се гради во [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes