Home Археологија Топчестата флејта вечер во Мала станица

Топчестата флејта вечер во Мала станица

1,462 views
1

Праисторискиот археолошки наод, музичкиот инструмент именуван како „топчеста флејта од Македонија” пронајден на археолошкиот локалитет „Мраморот“ кај с. Чашка Велешко, ќе биде промовиран вечерва во 19 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица.

Инструмент е пронајден по повеќегодишни археолошки истражувања на локалитетот каде e потврдено постоење на населба од неолитскиот период, чие егзистирање се вклопува во широка временска рамка од 5 000 до 4 000 год. п.н.е.На промоцијата ќе учествуваат: Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Трајанка Јовчевска, археолог, кустос советник од Народниот музеј во Велес, пронаоѓач на инструментот и истражувач на населбата кај Чашка; поетот Ефтим Клетников и Драган Даутовски, професор на Факултетот за музичката уметност, кој со неколкуминутно музицирање ќе го претстави најстариот музички инструмент во Македонија.

Се гледаме вечер во Мала станица

информацијата во целост е превземена од Утрински весник


други постови на оваа тема:


Неолитската окарина од Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала

Ексклузивен наод од Велес

ПРОНАЈДЕНА ОКАРИНА СТАРА 6000 ГОДИНИ

1 COMMENT

Leave a Reply to Концерт на Драган Даутовски квартет во Марковиот манастир » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here