Дома Археологија Случајот Херкуланка

Случајот Херкуланка

2,531 views
2

Со какви се граѓани се соочуваат археолозите во неможноста да го спасат културното богатство на Македонија, е и последниот случај со пронајдената статуа од античкиот град Стибера во нивата на земјоделецот Васко Дебрешлиоски од селото Чепигово.

Весникот Дневник прилично добро го пратеше и го елаборираше целиот настан, па во нивните написи тој може и хронолошки да се следи.

Орајќи нива открил статуа стара 19 века
Римската божица во куќен притвор во Чепигово
Римјанката од Чепигово ќе биде откупена
Наоѓачот на „херкуланката“ незадоволен со 80.000 денари
Дебрешлиоски дава 80.000 денари за херкуланката

Елем две важни ..забелешки” во случајов:

– Стибера е локалитет со својство на споменик на културата и граници кои се утврдени, и како таков и е познат на македонската и на светската јавност.

– Според Законот за заштита на културното наследство, во Република Македонија се што ќе се пронајде во земја и во вода е во сопственост на државата (Глава I, член10/3)

Во вакви случаи нема преговори, отстапки и нагодување за цена. Сметам дека Управата за заштита на културното наследство е преблага со решението за 80 000 ден. да ја откупи оваа статуа. Не бакшиш, туку казна во иста висина треба да му напише на човеков за непочитување на културното наследство и за прекршување на законот. А за какво прекршување на законот сега се прашувате…

Па човеков после 20 години копање на земјиште која се наоѓа на познат локалитет до сега не пронашол никаков наод, и ете одеднаш откопал цела статуа на нива која се ора пола век. И тоа на само 30 см од површината на земјата, кога знеме дека оралото од плугот може да зафати и до пола метро ако е орањето длабоко. (А јас инаку се бунев кога на магистерските студии за еден испит ми ја бараа оваа информација) 🙂

Вревата која се крена за мермерната статуа од античкиот локалитет Стибера се уште не стивнува. А и како да стивне кога некои луѓе не само што не ги познаваат законите во државата во која живеат, туку и не го вадат носот подалеку од својата нива.


Додаток:

Тајните на мистичниот град

Стибера – Википедија

16.04.2007 – апдејт: Пронаоѓачот ја даде скулптурата, ама останува на своите барања
18.04.2007 – апдејт: Откривачот на скулптурата во Чепигово ќе добие 106.500,2 денари
20.04.2007 – апдејт: Херкуланката конечно во Музеј

2 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Акцијата Фаланга – Едуцирај се себе, па научиме и мене » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име