Home Администрација Резултати од анкетата – Кога ќе умрете, сакaте да ве…

Резултати од анкетата – Кога ќе умрете, сакaте да ве…

749 views
0

 

Кога ја поставив анкетата на блогот не мислев дека ќе има толку голем одзив, бидејќи темата за умирање самата по себе е малку деликатна. Во моментот кога ја отворив за гласање, веднаш добив критики дека сум испуштила многу работи. Некои опции намерно ги изоставив, како оние оживеат или пак еколошки закоп (кој е една варијанта на кремирање), но признавам дека утнав една – ,,да се подари телото на науката“. Нејсе, за три месеци колку што беше поставена, ја повлекувам точно на Велигден. Анкетата беше посетена 350 пати, од кои за разни категории имаше 121 глас. Уште веднаш да кажам дека ,,Инхумираат” воопшто не е релевантна како опција за која најмногу се гласало, заради тоа што приметив нерегуларност од едно исто IP. Ама нејсе сега, што да му правам. Ако на човекот му е стало да го инхумираат, нека му е со среќа. :)))

На сите останати кои бевте љубезни да гласате ви благодарам, а доколку сакате можете слободно да дадете предлог за некоја друга анкета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here