Дома Администрација Медиумски атак на Музејот на Македонија

Медиумски атак на Музејот на Македонија

1,497 views
0
Музејот на Македонија кој од година во година тоне во летаргија поради тоа што е владина институција и чекашe пари токму од најизлитеното место во државава, со новатa директорка Мери Аницин – Пејоска, од корен го менува својот начин на егзистирање. Енергичната кампања на новата директорка веројатно ги затече сите, вклучувајќи ме и мене која ги знам проблемите (пред се од финансиски карактер) како на самиот објект, така и на вработените кои практично се борат за услови за живот, а не пак за нешто повеќе.

Во потрага по донации на музејот за 250 те вработени луѓе ќе пристигнат: едно теренско возило, еден автомобил, монтажни привремени објекти за терен кои ќе служат за документација, складирање и привремен престој. Потоа Музејот ќе се збогати и со софистицирана опрема за детекција и теренски истражувања.

Музејот ќе добие донации од турската влада, од амбасадите на Велика Британија и Германија, од Конзулатот на Германија. Веќе е пристигната донацијата на фирмата Сивус, кои доделиле 20 работни маси. Пејоска најавува дека Музејот ќе формира и Фондација за донација на средства за помош на Музејот, како и за откуп на движно културно наследство. Таа смета дека со оваа фондација за откуп ќе се помогне во решавањето на проблемот со полесно откупување на движното наследство коешто луѓето го носат во Музејот.

Дека на матичниот музеј во државава му е потребна  поголема поддршка од десегашнава потврдува и фактот што зградата нема добар кров и поставката прокиснува, има само две теренски возила (за 250 вработени нели!), немаат компјутери и друга современа техничка опрема. Ај што немаат асален web site, чинам дека немаат дури ни интернет што во 21 век е стварно скандал. Отсуствува планирана современа библиотека, соодветен културен информативен центар, климатизација на објектот, безбедносен-видео заштитен систем, сигнализација, рекострукција на депоата и на изложбените сали каде подовите и теписоните се стари 30 години.

И покрај тоа што Мери Аницин – Пејоска е позната уметничка, искрено се надевам дека ќе се снајде во новата улога. Kонечно беше време да се случи она под кое јас подразбирам работење на една институција како што е музеј, и која всушност треба да биде диригирана од менаџер. Нека им е со среќа, ќе видиме, времето ќе покаже.


Извори:

На матичниот музеј во државава му треба голема поддршка
Енергична акција за подобар Музеј

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име