2007 February 28 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
28th February 2007

Запознавајќи ја Словенија (дел втор) - Emona

Љубљана можете да ја доживеете на илјада различни начини. Преубава е. Како да се наогате во музеј по отворено небо. Во исто време може да биде и ренесансна и барокна и сецеонистичка. Но каков облик таа завземала сепак ќе остане градот на Јоже Плечник, архитект кој оставил трага на скоро секој можен позначаен антички локалитет или објект од неговото совремие.

Јас одбрав пред некој ден да ја видам археолошката Љубљана, и и благодарам на мојата колешка Мања која ме поведе на една вистинска тура по старата Емона.

Од Емона денеска может да се видат многу малку работи бидејќи на времето не се водело многу сметка за културните остатоци (тренд кој се уште е запазен кај нас). Така на пример на местото каде се протегал главниот Форум, а кој е ископуван во 50-те години од 20 век, денеска се наога центарот на градот и поголем број од факултетите. Но и она кое што е зачувано, сепак е прилично значајно од археолошки аспект.

Пирамидата на Плечник

 Пред влезот на Емона

Останат е прилично голем дел од римското обѕидување на градот, на кој се наога и една пирамида, дело на Плечник кој мислел дека тој дел од ѕидот така треба да биде реконструиран. Ископаните артефакти се наогаат расфрлани по неколкуте музеја низ Љубљана, кој пак од друга страна, се приказна за себе. 

напишано во Архео1 | 0 Коментари

28th February 2007

И UNESCO не фиромизира

Покрај Мајкрософт кој продолжува да не фиромизира со Вистата, очигледно дека фан на таквото етикетирање е и седиштето на UNESCO. Навистина не го очекував овапа немам ни некој прикладен коментар за ваквото ептен неприкладно однесување за организацијата која се труди да го заштити културното наследство во светот.

Или можеби UNESCO го заштитува културното богатство само на FYROM, ама не и на Македонија.

напишано во Архео1 | 0 Коментари