Home Археологија CSI или Анатомија на едно убиство од Железното доба

CSI или Анатомија на едно убиство од Железното доба

7,336 views
2

 

Нe ли ви паднало чудно што сите археолози сакаат убиства :)))) И се трудат да ги одгонетнат. Верувајте, колку и да звучи бизарно, не постои археолог кој не сака да копа гробови. А зошто? Тоа во некој следен пост. 😉

Скоро секогаш постојат потешкотии да се докаже некое убиство во нашето совремие, а не пак ако тоа се случило пред илјадници години. За среќа археолозите денеска ги користат благодетите кои ги носи 21 век, во форма на придобивки од IT технологијата, со чија помош во последните 20 години се создадала уште една научна гранка т.н Форензичката археологија. Предностите и инструмените кои ги користат археолошките форензичари на 21-от век, се употребени во обидот да се докаже едно убиство од железното доба на т.н. Lindow man, национално богатство на British Museum. Всушност се работи за човечко тело кое добро се конзервирало, благодарение на тоа што со векови било депонирано во едно мочуриште во близината на местото Lindow Moss, СИ Англија.

Би рекла дека она што е представено во серијата CSI се всушност класични археолози фатени во рамката на современи детективи и формата на  новите технолошки предности. Помеѓу класичните форензичари и археолозите кои се бават со оваа наука, постојат разлики, но би рекла дека пред се постојат голем број на сличности.

Современите форензичари – археолози како и криминолозите – форензичари работат со најновите техники и методологии. Помеѓу нив спаѓа на пример Scanning electron microscope. Со самото тоа од старт се во предност за разлика од нивните поранешни колеги.

Токму тие методологии и програми им овозможуваат да изгенерирааат компаративни податоци на чија база подоцна по пат на елиминација, побргу се доаѓа до решението.

И трето, најважното, современите форензичари работат со случаи кои се сега и овде, а не како археолозите со случаи стари илјадници години, каде попатно временски поради најразлични причини, се изгубиле повеќето од информациите. И не се достапни за споредба, од причини што постојат само во еден примерок.


Но, кога на ова ќе се надодадат сите податоци кои можат да се добијат од животната околина (анализа на полен, остатоци од растенија, пепел ен те ен.), нема причина да се биде скептик за успехот на форензичарите-археолози. Така според мене, еден криминолог – форензичар, исто така може да биде и добар археолог. А просечно добар археолог, во секое време може да си најде работа како криминален форензичар. Користат слична не-деструктивна методологија, иако податоците кои ги прибираат се со различна намена. 🙂


Инаку оф д рекорд…ептен ми се свиѓаат CSI…и се уште сметам дека првата сезона им беше онака хард хор… Не дека и другиве не се добри 🙂

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here