Home Лично Запознавајќи ја Словенија (дел прв)

Запознавајќи ја Словенија (дел прв)

654 views
0

Еве веќе некое време сум во Словенија, во Љубљана. Дојдов како размена помеѓу Европските универзитети, и ќе останам уште некое време.

Благодарение на моите ментори, некои луѓе кои ги знаев пред тоа, а и моите колеги од факултетот, добив малку поинаков впечаток отколку еден обичен турист. Секоја чест на поединците, но Словенците како нација се навистина ладни, еднолични, досадни и претежно намуртени. Понекогаш имам чувство дека се смеат само на рекламите на телевизија.

Се средено и стокмено шо ме факаат језиви напади. Толку е хипонодриски чисто, како да се наоѓаш во некој музеј. Но ако се земе во предвид дека Љубљана има само 280 000 жители, од кои половината се студенти кои за викенд си одат дома (а и мештаните исто така шетаат), ќе ви стане јасно дека практично нема ни кој да ја испрља.

За толку време колку што сум овдека, не видов ниту едно дете, ниту едно куче. Не можеш ни просјак да видиш. Да сакаш некому да поклониш пари, треба да се одвлечкаш до првата црква. Еееејјј, дури ни просјаци немаат. Или јас не ги гледам.

Инаку Словенците се како програмирани. Асли 84 на Орвел. Следат правила и прописи, и не отсапуваат од тоа. За разлика од нас иако имаат пари ретко да се сретне некој што знаеда ужива во животот.

Иако ги доживувам како една крајно авангардна, но прилично интровертна нација, дури кога ќе дојдете во овакви земји кои се богати, имаат висок стандард на живеење и наметнати вештачки правила, ви станува јасно зошто во најбогатите земји во светот е најголем процентот на самоубиства

Се е толку тивко, а во викендите е дури и потивко. Монотоно и досадно. Да ви кажам ми недостига гужвата, буката, нашиот темперамент. Најмногу ми недостигаат пријателите, присноста на луѓето и би рекла сонцето. Овде е мрачно и мрак ме обвива и темна мгла земја покрива.

А ми недостига и блогирањето и моите блог пријатели. Но дојдена сум по работа која морам да ја завршам. Сепак ќе се потрудам одвреме навреме и по нешто да пишам. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here