2007 February 17 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
17th February 2007

Шимпанзата користеле камени алатки

Australopithecus-ите се хоминиди кои постоеле пред појавата на Родот Homo, a првиот од нив во овааа низа е наречен Homo habilis. Кога тој стапил на сцена околу 2,5 милиони години п.н.е., со себе донел една технологија на делкање камени алатки, со чија помош на овие луѓе почнал да им се менува когнитивниот капацитет.

На скалата од хоминиди (барем до сега) не беше утврдено дека пред појавата на Homo Habilis, некој друг хоминид користел камени орудија. Т.е. досега во еден ист археолошки слој не беа пронајдени да кажеме скелетни остатоци од Australopithecus и камени алатки кои тие самите ги изработиле.

Така оваа информација дека археолозите пронашле праисториски камени чекани употребени од шимпанзите, е навистина сензационално откритие. Иако се работи за алатки кои се стари само 4 300 години, а не 4 милиони години, сепак се доведува под знак прашање дали шимпанзата тоа го виделе од луѓето современици, или можеби постои некој еволутивен пат за кој се уште не знаеме, а во кој оваа технологија била предавана од генерација на генерација.

Ме мрзеше да ја постирам оваа вест вчера, па му ја предадов на Панта. Тој направил убав сублимат од текстот, со некои свои додатоци. Ви препорачувам да го прочитате.

напишано во Палеоантропологија | 0 Коментари

17th February 2007

So long…my friends

Вие значи мислите дека жената треба да се соедини со мажот дури и после смртта?

- Непоспорно е дека треба. Бракот е за век и веков и за вечноста. Зар вие не ја знаете приказната за историјатот на двајцата млади сопружници од Оверн, кои се сакале? Умреле скоро во исто време и положени се во два гроба кој се разделени со една мала стаза. Но дивата ружа секоја ноќ своите расцветани гранки ги префрлала од едниот гроб, на другиот. Па морале да ги состават ковчезите.

Анатол Франс - Црвениот крин

превземено од Flash


Ете и тоа ми се случи. Се сопнав во животот. Паднав. За малку ќе умрев. Ако - си реков. Во тој момент знаев дека повторно ќе се родам. Бидејќи по кој знае кој пат, животот ми даде уште еднаш шанса.

До следното мое умирање.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари