2007 February 13 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
13th February 2007

Тотална станица —> ArcheoPack (4)

Како што веќе нагласив, податоците кои се добиваат со помош на Тоталната станица за време на едно археолошкото ископување за да дадат што е можно поквалитетни резултати, потребно е да се поврзат во еден систем. Тоа изискува создавање на софтверскиот програм, преку кој би можело да се интерпретираат саканите резултатите.

Еден од таквите програми е - ArcheoPack.

Тој е програмски пакет базиран на модуларен систем кој го сочинуваат голем број на независни и полузависни модули кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци. Преку овие модули се нудат различни можности:

- Внесување на податоци во базата;
- Ажурирање на податоците во базата;
- Меѓусебно поврзување на податоците кои се внесени (линкови);
- Најразлични обработки на податоците од базата;
- Работа со графички елементи, слики и цртежи, т.е. нивно сместување и поврзување во базата;
- Интерактивно графичко прикажување на статистичките и математичките анализи;
- Тродимензионален приказ на самиот локалитет и слоеви;
- Тродимензионален приказ на наодите.

ArchaeoPack е всушност систем кој на археолошката екипа и нуди можност за истовремен пристап од повеќе компјутери во исто време. Ова е искрено кажао посебно интересно, особено за големи ископувања како што е и Винча, крај Белград. Тука имаше неколку тимови кои работеа паралелно, а каде што беше потребно сите податоци истовремено да се внесат во истата база.

Винча е само еден од локалитет на Балканов што јас ги познавам, а каде што е воведен дигиталниот начин на архивирање на податоците, како нов приод кон теренската методологија.

 
Највисоки институции кои колегите археолози се стремат да ги формират со овој дигитален начин на археолошкото водење на документација, се центрите за дигитална археологија. За нив можеби ќе пишувам понатаму.

Ова беше дел од презентацијата ,,Дигитална теренска документација” со кој настапивме на 19 Симпозиум на Археолозите на Македонија.

В. Димитровска и Е. Канзурова-Стојанова

текстот е под копирајт

Останатите написи:

* Вовед во Серијалот за Тотална станица (1)
* Што е Тотална станица (2)
* Софтверски програм за Тоталната станица (3)

напишано во Тотална станица | 0 Коментари

13th February 2007

Василичарскиот карневал во село Мислешево

Ова е нешто што требаше да го направам одамна. Ама подобро и со малку закаснување, отколку никогаш. Газдарицата на овој блог му се извинува на администраторот на сајтот Мислешево, што не успеа поради обврските да стигне да го постави слајд шоуто на време. Исто така благодари за отстапувањето на фотографиите, бидејќи некои се авторски и до сега не се објавени. Се надевам дека ќе уживате во едно мало кратко и афирмативно представување на селото Мислешево, како и Карневалот кој секоја година стандардно се одржува за Василица, т.е. Стара Нова Година.

p.s. бидете стрпливи со презенатцијата, прилично е захтевна :)

напишано во Антропологија, Археологија, Етно-археологија | 0 Коментари