2007 February 11 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
11th February 2007

Судан: Земја на Пирамидите

Од денешна гледна точка со помош на глобалното достапно знаење, би можеле да кажеме дака пирамиди постојат скоро насекаде во светов, просторно и временски опфаќајќи огромен дијапазон на цивилизации.

Пирамида воЕгипет Пирамида во

Јужна Америка
Пирамида во
САД

Пирамидите во Босна!!!

Меѓутоа, дали ви е познат фактот дека најмногу пирамиди по метар квадратен нема Египет…туку Нубија, које е денеска дел од Судан. Тоа што Египетските пирамиди влегле во Светските чуда на Стариот век би рекла дека е повеќе работа на ограничениот светоглед на старите народи, кои практично го забележале само она што го виделе. Т.е. онаму до кај што виделе. Што ќе се сложите дека е малку чудно, со оглед на локацијата на Судан.

За овие романтични археолошки локалитети и полињата од Пирамиди, повеќе ќе ви раскаже Krzysztof Grzymski, археолог во Одделот за Египтологија на Royal Ontario Museum во Торонто.

напишано во Архео1 | 0 Коментари

11th February 2007

Како се затвораат дискусите за археолошките локалитети во Македонија

На 09.02.2007 година во Музејот на Македонија се одржа форум на тема „Третманот на археолошките локалитети во Македонија“. Под закрила на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС (организација при УНЕСКО за заштита на локалитети и места) и поткомитетот за археолошко наследство, учесниците на дискусијата зборуваа за национална и меѓународна легислатива за заштита на културното наследство, за истражување, валоризација и ревалоризација, проектирање, превентива, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на културното наследство и употребата на градежни материјали и технологии, третманот на археолошкиот локалитет во културен предел и друго.

Искрено, не знам што тоа се подразбира “под друго”??!!, бидејќи сите овакви настани си имаат прецизна агенда. Инаку освен во весникот Дневник, не постои никакво друго известување ниту било каква дополнителна информација за овој важен настан.
 
Со оглед на тоа што никаде не можат да се видат, прочитаат или консултираат збиднувањата кои се случиле на овој Форум, посебно под она “друго”, а на ИКОМОС му е доделен дел од сајтот на Министерството за култура, не би било лошо да ги постават интерпретаторите, водените дискусии и презентации. Така ќе ги знаеме залагањата на нашите високо ценети стучњаци од областа на културата, со какви се проблеми се соочуваат и на кој начин се справуваат со истите, во веќе споменатата сфера.

напишано во Архео1 | 0 Коментари