Home Археологија Поштенски марки со мотиви од Кокино

Поштенски марки со мотиви од Кокино

1,228 views
0

Денес во 12 часот, во просториите на Мала станица ќе бидат промовирани поштенски марки со мотиви опсерваторијата Кокино. Марките ќе ги промовира Македонското истражувачко друштво… итн

За жал останатиот дел од информацијата поврзана со нашето културно наследство кое се овековечува во вид на Археофилателија, Редакцијата на Нова Македонија одлучила да го помести само во печатеното, а не и во интернет изданието. Со тоа сите кои го консултираат овој весник on line, се лишени од дополнителните информации. Чинам дека ова не им е добар потег, бидејќи Интернетот е место каде што верувам дека оваа статија ќе беше прочитана многу повеќе, отколку во хартиената верзија. Но нејсе…од утре почнуваме да праќаме писма… 🙂


Како дополнување, можете да го консултирате мојот текст за Археофилателија.

Или директно да одите на линковиве, и да ги видите марките. Познати личности, 600 год. од смртта на Крале Марко, рурална архитектура, теракотни икони од Виничко Кале од 6 и 7 век, мозаиците од Хераклеа, неолит во Македонија, карневалски маски-Струмица, музички инструменти итн.

Признајте дека повекето од вас постојано ги гледате марките, ги купувате, ги лижете, ги плукате, ги лепите, ги праќате, а ретко погледнувате што има на нив? 🙂

Aпдејт: Вечер – Кокино по пошта, до целиот свет

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here