Дома Археологија Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик

Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик

4,045 views
4

Драги читатели. Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик. На насловната страна е познатиот археолошки локалитет Кокино. Па дури и цената од само 100,00 мкд. е пристојна  Да биде достапно за сите де. 🙂 Ви се допаѓа, а? И мене. Сето ова е ептен фино, да не би било виртуелно. :)))

Веќе еднашка пишував дека со варијантата на списанието National Geographic на македонски јазик, не само што правиме афирмација на сопственото културно наследство, туку претставено на овој начин овозможуваме преку едукативно-образовен карактер истото да биде достапно за сите.

Ајде да видам дали ќе се најде храбар јунак кој ќе ме подржи со идејава, ама со дело, а не со поглед или зборови. Од нив фала. На блогов ги има во изобилство. Сосема доволно да пополнат статии барем во првите две години од излегувањето.

4 КОМЕНТАРИ

  1. Своевремено имавме лиценца за македонското издание. Мислам дека и пред и по тоа ја имаа и други.
    Тоа „ние“ беше издавачката куќа „Форум“ – the original one, не оваа вмровска закачалка што е сега.
    Но, и тогаш, а сега е уште полошо, немаше добра „физибилити“ — едноставно не се исплатеше да се издава.

    Македонскиот пазар на печатени медиуми е толку нестабилен и мал, што, практично, не се исплати да издаваш ништо.
    Ова го зборувам со полн авторитет — скоро седум години бев извршен директор на „Форум магазин“.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име