2007 February 08 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
8th February 2007

Поштенски марки со мотиви од Кокино

Денес во 12 часот, во просториите на Мала станица ќе бидат промовирани поштенски марки со мотиви од мегалитската опсерваторија Кокино. Марките ќе ги промовира Македонското истражувачко друштво… итн


За жал останатиот дел од информацијата поврзана со нашето културно наследство кое се овековечува во вид на Археофилателија, Редакцијата на Нова Македонија одлучила да го помести само во печатеното, а не и во интернет изданието. Со тоа сите кои го консултираат овој весник on line, се лишени од дополнителните информации. Чинам дека ова не им е добар потег, бидејќи Интернетот е место каде што верувам дека оваа статија ќе беше прочитана многу повеќе, отколку во хартиената верзија.

Но нејсе…од утре почнуваме да праќаме писма… :)


Како дополнување, можете да го консултирате мојот текст за Археофилателија.

              Мозаик од Хераклеа   Керневалски маски - Срумица   Теракотни икони- Виничко кале


Кликнете на сликите да ги зголемите


Признајте дека повекето од вас постојано ги гледате марките, ги купувате, ги лижете, ги плукате, ги лепите, ги праќате, а ретко погледнувате што има на нив? :)

Aпдејт: Вечер - Кокино по пошта, до целиот свет

напишано во Архео1 | 0 Коментари

8th February 2007

Ајде бујрум, на по една Баклава

Уште пред да започнам, мора да кажам дека МММ завршиле поголем дел од работата. Имено на едно место можете да најдете повеќе работи од групата која претрпе разни метаморфози во однос на својот звук, изглед и визуелен настап, вклучувајќи ја и рецензијата од Утрински весник.

Баклава, конечно го издадоа својот прв албум. Инкорпорирајќи ја етно-музиката како основа за своите дела, тие ни даруваат еден стил кој е свеж како духот на нашето совремие, но притоа доволно автентично обоен со звуците на фолклорна изворна традиција, за да ни прикаже колоритност на еден свет за кој носталгично се присетуваме.

За Баклава пишуваше Ицко, кој наведе дека албумот е составен од 9 композиции. Од нив 7 се обработени народни изворни Македонски песни, а 2 се компонирани од Баклава како директна инспирација од Македонскиот фолклор.

1. Мори чупи костурчанки (можеш да ја симнеш песната)
2. Невеста жито требеше
3. Димитрија
4. Доко (можеш да ја симнеш песната)
5. Глас (компонирана од Баклава)
6. Marijo deli bela kumrijo (спец. гостин: Сашо Гигов-Гиш)
7. Falanga (спец. гостин Сашо Гигов-Гиш) (Компонирана од Баклава)
8. Мома оди за вода
9. Врбиче

Покрај ова, на официјалната страница на Баклава, можат исто така по избор да се одгледаат или да се превземат некои од спотовите.

Голем поздрав до членовите на групата, посебно до Никола. Ако следниот пат не ме известиш кога ќе свирите, да знаеш дека ќе ти бидам скар. :))))


p.s. На mp3 player-от од лево, поместив неколку песни од овој албум на Баклава кои можат да се преслушаат.

напишано во Разно | 0 Коментари

8th February 2007

Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик

 

Драги читатели. Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик. На насловната страна е познатиот археолошки локалитет Кокино. Па дури и цената од само 100,00 мкд. е пристојна  Да биде достапно за сите де. :) Ви се допаѓа, а? И мене. Сето ова е ептен фино, да не би било виртуелно. :)))

Веќе еднашка пишував дека со варијантата на списанието National Geographic на македонски јазик, не само што правиме афирмација на сопственото културно наследство, туку представено на овој начин овозможуваме преку едукативно-образовен карактер истото да биде достапно за сите.

Ајде да видам дали ќе се најде храбар јунак кој ќе ме подржи со идејава, ама со дело, а не со поглед или зборови. Од нив фала. На блогов ги има во изобилство. Сосема доволно да пополнат статии барем во првите две години од излегувањето.

напишано во Археологија, Медиуми | 0 Коментари