2007 February 07 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
7th February 2007

National Geographic Hrvatska - отворија свој блог

 

За да не должам многу, образложението на текстот го имате кај Дуле. По само три и пол години постоење на National Geographic Hrvatska, тие отворија и сопствен блог. Списанието на National Geographic, од блиските нам балкански земји, се печати уште во Бугарија и во Србија.


една од најпознатите корици
на National Geographic од јуни 1985г.
со Афганистанското девојче

Толку ли не можеме да се избориме за свое место под сонцето во оквирот на групацијата National Geographic? Што е она кое не спречува да имаме сопствен производ во ланецот на едно списание кое не само што е од едукативен и образовен, туку е и од афирмативен карактер. Правилата на редакцијата велат дека само 20% од текстовите можат да бидат на автохтониот јазик каде излегува списанието, а останатото се преводи од англиски. За почеток и тоа е сосема доволно. Па наместо толку пари потрошени по реклами за Македонија на Интернет, многу подобро би било да се обезбеди една лиценца со која National Geographic би излегувал на македонски јазик. Секако, придружен со свој блог.

напишано во Археологија, Медиуми | 0 Коментари

7th February 2007

Софтверски програм за Тоталната станица (3)

Софтверскиот програм кој кореспондира со работата на Тоталната станица е програмски систем, кој на археолошките екипи им овозможува комплетно внесување на теренските податоци, обработка и нивна можна интерпретацијата. Особено е значаен по завршувањето на ископувањето, кога се сумираат сите постигнати резултати и се групираат и анализираат наодите. Тогаш не само што треба да се имаат во предвид сите елементи на извршеното ископување, туку треба да се изработат и мапирања на наодите, статистички и математички анализи на застапените одредени наоди. Дури тогаш е можна интерпретацијата.

Опис на еден софтверски програм

Потребата за изработка на посебни апликации за прикажување и поврзување на сите овие податоци кој ќе обедини се едно место во вид на дигитална презентација на истражувањето изискува создавање на софтверскиот програм. Првиот кој бил создаден за овакви потреби е Harris Matrix алатка развиена од Британскиот археолог Edward Cecil Harris во 1973 која требало да помогне при истражувањето и интерпретацијата на стратиграфијата на археолошките локалитети.

 
Постојат голем број на софтверски програми за обработка на податоци добиени од тоталната станица, како 3D моделирање, 3D max, Maya и др. Во зависност од методологијата на ископувањето и реултатите кои сакаме да се добијат од истото, се применува еден од нив. Ние имавме шанса на Винча да работиме со - ArcheoPack.

продолжува

напишано во Тотална станица | 0 Коментари

7th February 2007

Селски туризам - реплика

 

Во контекст на постот на Волан за Селскиот туризам, чије пишување за иницијатива ја имаше сторијата за Тефик Тефикоски кој во родното с. Јанче вложил околу 300.000 евра, за развој на селскиот туризам, би додала “И ова е некој почеток. Секоја чест на човеков.” Во светот одамна постои овој вид на туризам. За разлика од нас, во одредени делови на земјата го имаат развиено Бугарите, додека соседите Срби имаат одличен Сајт за селски туризам, во кој доста вложуваат. Oфицијално, она кое што се вложува околу Развојот на општините преку културните ресурси во Македонија, се наоѓа во рамките на проектот Живо наследство.Во контекст на афирмација, едукација и образовен карактер (па макар и на хартија), токму вчера напишав еден пост за тоа дека списанието National Geographic на Балканот, за жал не се печати само на македонски јазик.

Ако просурфате по нетов, ќе најдете голем број на луѓе кои изјавиле дека имаат желба да развијат или да реализираат селски туризам. Очигледно е дека навистина не можеме самите да се ставиме на мапата од светот, и да се справиме (пред се финансиски) со културното наследство, кое овака гледано, пред очите ни изумира, и повеќе изгледа како терет, отколку како придобивка за оваа држава.

напишано во Археологија, Туризам | 0 Коментари