Home Археологија Реакција: Сакаме да го истражуваме Исар-Марвинци – државата не дава пари

Реакција: Сакаме да го истражуваме Исар-Марвинци – државата не дава пари

2,087 views
2

 

Во денешен Дневник може да се прочитаат реакциите на археолозите од Музеј на Македонија, кои поднеле проекти до Министерството за култура за ископување на локалитетот кај с. Марвинци, но не ги добиле потребните средства.

– Се разбира дека сакаме да го истражуваме локалитетот. Лисичин Дол е една од најважните долновардарски некрополи. Но, тие што решавале, сметале дека Исар-Марвинци не е приоритетен – вели Папазовска-Санев.

 

Според Папазовска-Санев, нивниот проект се однесувал на археолошки ископувања на Лисичин Дол преку геофизички испитувања.Тоа е голема предност, бидејќи во нашава држава многу ретко се употребуваат не-деструктивни археолошки методи. Се сеќавате на тоа какви методи се употребуваат кога пред само неколку месеци од тој локалитет во рок од една ноќ беше ископана Пајонска свештеничка, која во рекордно време се најде за одредена сума пари во Грција??.

Подоцна една статуа на Аполон од Марвинци беше продадена во Грција за 20.000 евра. Настана медиумски скандал во кој Грците обвинети дека ни ги крадат артефактите и ни ја пишуваат историјата, регираа загрижено!! со праќање на свои новинари во Македонија да известат за моменталната ситуација на релација културно наследство – диво копање.

 

Инаку според изјавата на Паско Кузман, Архео-мафија во Македонија, нема.

Исар-Марвинци е локалитет кој континуирано се копа со години, придобивките се големи, а исто така и книжниот археолошки фонд ја збогатува својата библиографија преку публикување на дел од материјалите. Таква беше книгата на антропологот Фаница Вељановска „Античкото население од Марвинци – Валандово“.

[slideshare id=14997&doc=macedonian-anthropology-exibition-7102&w=425]

– Не го заборавивме Исар-Марвинци. Ова е само лоша координација меѓу куќата што истражува, имателот на споменикот – Општината и Управата за заштита на културното наследство – вели Крстевски.

Каде е проблемот во овој multi tasking разговор помеѓу институциите задолжени за културното наследство, од кој никој нема корист. Некако ми изгледа како на дијалог на глувите. А на колегите би им посакала повеќе упорност во остварување на своите цели и да размислуваат малку во правец на тоа дека не треба само Министерството за култура да им биде извор на средства, туку денеска за среќа постојат уште милион други опции. 🙂

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here