По повод бандитското однесување на италијанските навивачи » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

Креативна археолошка работилница - нова филијала на Археоблог

Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус
5th February 2007

По повод бандитското однесување на италијанските навивачи

напишано во Мои размисли за... |
Што има тоа врска дека Италијаните се во ЕУ кога не им треба шенген виза за да убијат полицаец и да умре инспекор на кој му фрлиле бомба. Но дека ваквото бандитското однесување на италијанските навивачи не им е несвојствено на цивилизациите кои го населуваат Апенинскиот полуостров, докажува и една фреска од Помпеја.

За ова пишував во еден мој дамнешен текст, кој ќе го препостирам.


А pro pos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е всушност фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.

Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон.

Зошто ова ми изгледа доста познато??? А? :))))))


Моментално ееден одговор to “По повод бандитското однесување на италијанските навивачи”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На June 23rd, 2008, Во пресрет на Европското полуфинале во фудбал 2008 » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Напиша:

    […] Во контекст на фудбалот како пропратен феномен скоро отсекогаш се појавувале тепачките помеѓу пристрасните приврзаници на спротивставените екипи. Се надевам дека ви е се уште свеж настанот од пред година и пол кога бандитското однесување на италијанските навивачи уби …. […]

Коментирајте