Што има тоа врска дека Италијаните се во ЕУ кога не им треба шенген виза за да убијат полицаец и да умре инспекор на кој му фрлиле бомба. Но дека ваквото бандитското однесување на италијанските навивачи не им е несвојствено на цивилизациите кои го населуваат Апенинскиот полуостров, докажува и една фреска од Помпеја.
За ова пишував во еден мој дамнешен текст, кој ќе го препостирам.
А pro pos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е всушност фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.
Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон.
- Се разбира дека сакаме да го истражуваме локалитетот. Лисичин Дол е една од најважните долновардарски некрополи. Но, тие што решавале, сметале дека Исар-Марвинци не е приоритетен - вели Папазовска-Санев.
- Не го заборавивме Исар-Марвинци. Ова е само лоша координација меѓу куќата што истражува, имателот на споменикот - Општината и Управата за заштита на културното наследство - вели Крстевски.
Каде е проблемот во овој multi tasking разговор помеѓу институциите задолжени за културното наследство, од кој никој нема корист. Некако ми изгледа како на дијалог на глувите. А на колегите би им посакала повеќе упорност во остварување на своите цели и да размислуваат малку во правец на тоа дека не треба само Министерството за култура да им биде извор на средства, туку денеска за среќа постојат уште милион други опции.