2007 February 05 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
5th February 2007

По повод бандитското однесување на италијанските навивачи

Што има тоа врска дека Италијаните се во ЕУ кога не им треба шенген виза за да убијат полицаец и да умре инспекор на кој му фрлиле бомба. Но дека ваквото бандитското однесување на италијанските навивачи не им е несвојствено на цивилизациите кои го населуваат Апенинскиот полуостров, докажува и една фреска од Помпеја.

За ова пишував во еден мој дамнешен текст, кој ќе го препостирам.


А pro pos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е всушност фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.

Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон.

Зошто ова ми изгледа доста познато??? А? :))))))

напишано во Мои размисли за... | 1 Коментар

5th February 2007

Реакција: Сакаме да го истражуваме Исар-Марвинци - државата не дава пари

 

Во денешен Дневник може да се прочитаат реакциите на археолозите од Музеј на Македонија, кои поднеле проекти до Министерството за култура за ископување на локалитетот кај с. Марвинци, но не ги добиле потребните средства.

- Се разбира дека сакаме да го истражуваме локалитетот. Лисичин Дол е една од најважните долновардарски некрополи. Но, тие што решавале, сметале дека Исар-Марвинци не е приоритетен - вели Папазовска-Санев.

 

Според Папазовска-Санев, нивниот проект се однесувал на археолошки ископувања на Лисичин Дол преку геофизички испитувања.Тоа е голема предност, бидејќи во нашава држава многу ретко се употребуваат не-деструктивни археолошки методи. Се сеќавате на тоа какви методи се употребуваат кога пред само неколку месеци од тој локалитет во рок од една ноќ беше ископана Пајонска свештеничка, која во рекордно време се најде за одредена сума пари во Грција??.

Подоцна една статуа на Аполон од Марвинци беше продадена во Грција за 20.000 евра. Настана медиумски скандал во кој Грците обвинети дека ни ги крадат артефактите и ни ја пишуваат историјата, регираа загрижено!! со праќање на свои новинари во Македонија да известат за моменталната ситуација на релација културно наследство - диво копање.

 

Инаку според изјавата на Паско Кузман, Архео-мафија во Македонија, нема.

Исар-Марвинци е локалитет кој континуирано се копа со години, придобивките се големи, а исто така и книжниот археолошки фонд ја збогатува својата библиографија преку публикување на дел од материјалите. Таква беше книгата на антропологот Фаница Вељановска „Античкото население од Марвинци - Валандово“.

- Не го заборавивме Исар-Марвинци. Ова е само лоша координација меѓу куќата што истражува, имателот на споменикот - Општината и Управата за заштита на културното наследство - вели Крстевски.

Каде е проблемот во овој multi tasking разговор помеѓу институциите задолжени за културното наследство, од кој никој нема корист. Некако ми изгледа како на дијалог на глувите. А на колегите би им посакала повеќе упорност во остварување на своите цели и да размислуваат малку во правец на тоа дека не треба само Министерството за култура да им биде извор на средства, туку денеска за среќа постојат уште милион други опции. :)

напишано во Археологија | 0 Коментари