2007 February 04 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
4th February 2007

Древен воин пронајден во пермафрост

Во контекст на мојата анкета која е поставена долу лево на блогов, го додавам пронаоѓањето на 2000 години старите остатоци од еден воин, од страна на руските археолози. Древниот воин конзервиран во пермафрост е плав, има тетоважи на своето тело и облека.

Пронајдената мумија и реконструкција на Ötzi

Како дополнување го постирам и Ötzi, ледениот човек, кој во 1991 година беше пронајден на Алпите, на самата граница помеѓу Австрија и Италија. По ,,војната” на археолозите на која земја и припаѓа, и испитувањата кои ги направија Австријците, добро зачуваната природна мумија на човекот кој живеел пред околу 3 300 години, денеска се наоѓа во Јужно-тиролскиот музеј во Болзано, Италија.

напишано во Архео1 | 0 Коментари

4th February 2007

Во исчекување на Че

Во исчекување на филмот на Содерберг (Soderberg) за Че Гевара (Che Guevara) одамна се мислев да постирам некоја песна. Сакав да го означам ова дело чие што снимање е се уште во тек, а главната улога му е доверена на еден од моите омилени глумци. Сите про латино клипчиња (вклучувајќи го и оноа на Buena Vista Social Club) ми се видоа некако премногу питоми како за одбележување на овој настан. Па онака, како за душа, сепак се решив за нај хард кор верзијата што може да се најде на ту јуб ;)

напишано во Архео TV 2.0 | 0 Коментари