Home Археологија Единаесетти симпозиум на SOMA

Единаесетти симпозиум на SOMA

922 views
0
Помеѓу 24-29 Април во Истанубул, Турција, ќе се оджи единаесеттиот симпозиум на SOMA (Symposium on Mediterranean Archaeology). На нивниот портал е нагласено дека најголемо внимание ќе се посвети на младите истражувачи, кои не се лимитирани со тема и период, но услов е да не се оддалечуваат од Медитеранската археологија. Конференцијата е на англиски, секој труд мора да биде најмногу со должина од 20 мин., а пријавувањето е до 28 Февруари.

За подетални информации во врска со Медитеранската археологија, д-р. Ioannis Georganas од Атина, има направено свој блог. А на неговата страница на geocities може да се најдат доста корисни линкови.

Па млади колеги, ете ви шанса да си го покажете своето знаење и лични истражувања. 🙂


P.S. Нешто што се уште го нема на сајтот, а го добив на mail. Топици на сесиите се:

Archaeological Excavation and Survey Reports, Ancient Architecture, Art History, Ancient History, Underwater Archaeology, Epigraphy, Numismatic, Archaeometry, Museology, Management of Archaeology, Semiotics and Archaeology, Archaeoseismology, Natural Hazards and Archaeology, Archaeogeophysics.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here