Home Археологија Порталот на EAA посветен на Балканот

Порталот на EAA посветен на Балканот

951 views
0
Во последно време на Порталот на EAA (European Association of Archaeologists) можат да се сретнат многу информации кои се поврзани со археологијата и археолозите на Балканот.  Со оглед на тоа што оваа гранка од науката е прилично запоставена (барем во финансиски поглед) на овие простори, ЕЕА бараат начини и се обидуваат да ја анимираат јавноста за Балканската археологија. Во таа сврха нивниот следен – 13ти по ред симпозиум ќе се одржи во Задар, Хрватска, од 18-23 Септември 2007. Ова е голема предност, ако се знае фактот дека ЕАА е приватна организација.

На сајтот исто така може да се сретне информацијата за локалитетот Љубимец во Бугарија, за кој пишував пред неколку месеци, за поддршката на Босанските археолози, во однос на она што им се случува со Пирамидата итн…

ЕАА имаат свое официјално списание, но во него не можат да постигнат да ги публикуваат сите настани поврзани со Европската археологија. Од тие причини си отворија сопствен блог на кој може да се најдат информации кои ги нема во нивниот журнал, како и уште многу други податоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here