Дома Администрација Блогерајот – последната агора на светот vs. Блогот како бројка

Блогерајот – последната агора на светот vs. Блогот како бројка

1,301 views
0
Агора е старогрчки збор кој се употребува и денеска. Во хеленизмот означувала место кое е детерминирано како пазар, центар на јавниот живот, место каде се состанувале граѓаните да дебатираат за најрaзлични содржини, вклучувајќи ја културната, државната и трговската политика.

За разлика од минатото, нашите говори се постовите, нашата архитектура е темплејтот, а украсите се линковите, фотографиите и банерите кои постојано ги ставаме.

Блогерајот освен тоа што е место каде можеме да си ги запишеме и кажеме ставовите без да се плашиме дека некој ќе ни суди за тоа, е средиште на современиот културен, духовен, политички, а честопати и интимен живот на одредени персони. Служи за олеснување од секојдневните тегоби, ратеретување од проблемите, забава, дружење, учење, разменување на информации и растење на едно ниво поинакво од она кое сме го имале во минатото.

Нашата интернет агора можеби нема архитектонски елементи, но треба да ја чуваме зошто сепак представува последниот бастион на слободниот говор.

Нашата поледна оаза, последен мир.

Направив навидум мал јубилеј на овој блог кога тој прослави 7 месеци од своето постоење, но тоа повеќе беше како иронична реплика кон сите оние кои блогирањето го сведуваат на бројки.

Многу пати се водела дискусија за тоа што е блог, а што блогер. Независно од дефинициите кои можат да се најдат на нет, јас имам свое мислење. За мене блогот е идеја, креација, размена на мислење, искажување на ставови, дебатирање и уште многу тоа. За мене блогот е исполување на креативноста во својата изворна форма преку сега веќе достапните мултимедијални интерактивни облици. За мене блогот е процес кој трае.

Значи за мене блогот е се, само бројка не.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име