2007 February 02 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
2nd February 2007

Каменот од Розета (n-ти дел)

 

Ако се биде фер и коректен кон некој кој седнал и сработил научен труд, тогаш тој треба и да се спомене, независно од субјективниот став на конзументот на тоа дело. Имено, се работи за Аристотел Тентов и Томе Бошевски, кој во обидот да го дешифрираат средниот дел од Каменот од Розета, својот научен труд го поместија на интернет.

Ќе се сложам дека објавувањето на овој текст на англиски, кој имаше своевиден медимуски притисок, е вистински потег. Во дневните весници можеа да се прочитаат само искарикирани информации (1,2,3), а историчарите и лингвистите (барем во Македонија) се уште молчат. Но како што одамна веќе нагласив:

Главниот збор треба да го имаат историчарите, египтолозите и лингвистите, а не археолозите. Археолозите си го сториле своето со пронаоѓање на каменот.
За останатото си постојат помошно-археолошки, да не речам помошно-историски науки.

Линк до цитатот

Правејќи го достапно за светската јавност, ова откритие им се дава на увид на сите научни лица кои се засегнати од оваа област, со оглед на фактот дека Каменот од Розета е веќе дешифриран. Ако веќе не сме го чуле нашето, ќе може да се чуе (или евентуално прочита) мислењето на светските стручњаци. Па дали, како што велат старите…

Каменот од Розета ќе не мавне по глава или не

, , , , , ,

напишано во Археологија | 0 Коментари

2nd February 2007

Дали денес го гушнавте вашето дете

Веројатно сте ги виделе билбордите распоредени околу центарот на Скопје на различни локаци со пораките: “Дали денеска го гушнавте вашето дете?” и “СТОП! На насилството врз децата“, со кои Првата детска амбасада во светот - Меѓаши започна со кампањата против насилството врз децата во Македонија. Потикнати од последните претепувања на две деца до смрт и поразувачкиот пораст на бројот на јавувања поврзани со насилство (18,6 во 2006 за разлика од 2% во 2000 година) на SOS телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија), тие одлучија да стартуваат со кампања за подигање на свеста за потребата од заштита на децата од секаков вид на насилство, како и потикнување на граѓаните да го пријават насилството.

Кампањата ке трае еден месец и оние кои сакаат да ги подржат активностите на Амбасадата Меѓаши, тоа можат да го сторат со повик или смс кон телефонскиот број на Космофон 075/ 14 34 24, и Т - Мобиле 070/ 14 34 24 со што се донираат 50,00 денари, односно 100, 00 мкд или на жиро сметка :

Прва детска амбасада во светот - Меѓаши 200000010722372

Стопанска банка а.д. Скопје

Со надеж дека оваа кампања ке ги поттикне возрасните да им посветат повеке љубов и внимание на децата, изјавувам:

СТОП! На насилството врз децата

p.s. Дарко - фала за клипчето :)

напишано во Јавни апели | 0 Коментари

2nd February 2007

Четири артефакти одат во Вселената

NASA за време на мисијата STS-117 во март, во чест на своите први Американски доселеници ќе понесе во Вселената артефакти приближно стари 400 години, кои потекнуваат од нивниот историски град Џејмстаун (Jamestown).

Нивните артефакти одат во воздух. За жал повеќето од нашите се се уште во земја :(

напишано во WWWести | 0 Коментари