Дома Апели ПЕТИЦИЈА: Star Trek на ТВ

ПЕТИЦИЈА: Star Trek на ТВ

1,840 views
0

Серијалот Ѕвездени Патеки на 8 Септември 2006 ја прослави 40 годишнината од нејзиното прво прикажување на малите екрани. За кратко време тој успеа да прерасне во глобален феномен со милионска база на фанови кои го подржуваат и го почитуваат. Колку за информација, еден од најголемите умови во човештвото физичарот Stephen Hawking е голем љубител на Star Trek и работи на некои од технологиите кои се претставени во серијалот.

На блогот на Мактрек од 18.01.2007 започна on line петиција за праќање јасна порака до националните телевизии, ако е можно да прикажуваат повеќе епизоди од серијалот на Star Trek.

Во време кога сите вредости во ова општество ни се сведени на минимум, редно е да се размисли за зголемување на капацитетот на идните генерации, најмногу поради фактот што секојдневната ТВ програма е затупувачки лимитирана на вести, фудбал и шпански серии. Да биде трагиката поголема, ние сме исти како и поголем дел од мутиплицираните клонови на оваа програмска шема на Балканов.

За петицијата клик тука

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име