Дома Археологија Форумот на Македонска Авијација – ментална релаксација за археологија

Форумот на Македонска Авијација – ментална релаксација за археологија

1,579 views
0

 

Аероархеологија е гранка од науката каде со помош на разни превозни воздушни средства се лоцираат археолошките локалитети на Земјината површина. Таа е скоро секогаш поврзана со аерофотографијата, зошто без тоа немате веродостоен податок на кој би се потпрело било кое посериозно истrажување. Ама за посетителите на Форумот на  Македонска Авијација аероархеологија е нешто сосема друго.

… ,,аеро археологијата е пред се хоби кое се бави со потрага и истражување на воздухоплови кои се урнале и кои се ретки. Секако оваа гранка и опфаќа истражување по стари весници, часописи, предскажувања, белешки, воени документи и нај важно од се разговор со стари и добри воени пилоти или сведоци што биле на местото на настанот.” …

 Линк за цитатот

Тие исто така не го напоменуваат фактот дека што и да работиш (а е поврзано со аеро археологија), за тоа ти е потребна аерофотографија која представува фотографирање од височина со апарат кој е прицврстен или слободен, а се наоѓа на aircraft, helicopter, balloon, rocket, kite, skydiver или слично возило.

Една варијанта на аерофотографија е и орто-фотографија, тип на аеро снимка која е толку геометриски точна што доколку размерот на фотографијата не се промени, значи дека фотографијата може да се смета подеднаква на мапа. За разлика од аеро снимките, ортофотографијата се користи за да се измери вистинското растојание, затоа што представува точна представа на земјината површина. Во археологијата обично се користи за да се избегне цртањето на хоризонталната стратиграфија, при што се прескокнува цртањето и се добива поверодостојна слика во просторот.

Е па толку за нашиве авијатичари. Аj да не зборувам што се може да се добие со contemporary archaeology. Вклучувајќи ги и Google Earth & Maps. Ептен ќе ги збунам 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име