Home Администрација БЛОГОНАДЕЖ – реплика

БЛОГОНАДЕЖ – реплика

681 views
0

Како прво, кога некој решил да блогира значи дека е (или бил) спремен да се откаже од дел од својата интима. Ако не, подобро да не блогира. Веќе неколку пати напоменав, а и други блогери цитирав:

,,Секој си ја сноси сопствената одговорност и последица за напишаното. Мислат дека тука се безбедни.”

Но безбедноста на интернет е тенка работа, па тоа со никовите паѓа во вода, ако некој мисли дека може да се сокрие. Во секој случај се сложувам дека и покрај тоа што половината се знаеме кои сме и што сме, за оној кој сака, сепак е скроз океј да употребува ник.

Инаку додека блогирав на сервисот на он нет, имав неколку текста аpropos Блогерајот и блогирањето

Во еден од нив кажав

,,Колку всушност треба да биде лично она кое што го пишуваме на својот блог. И колку лично тоа треба да биде?

Секој збор сведочи за нас. За тоа какви сме навистина, што не засега, што не боли, што не прави среќни, што не нервира… Блогот е тука и кога патиме и кога се радуваме…Значи прашањето е дали треба да се размислува на кој начин да се пишува, да се бираат зборовите или тие да одат по рандом…како што ни надоаѓаат мислите?

А зошто?

Затоа што е факт дека се што праќаме на нет, останува запишано таму на небото, во некоја архива, на некој сервер…и ако излезе некогаш на некој претражувач нашиот коментар, дали сме навистина спремни да се соочиме со себе си?

Останатите два текста, иако се најдоа на порталот на он нет, бидејќи се мои, си земав за право да ги поместам на друг сервер. Можете да ги прочитате на местата означени како:

Препорака од 10 реченици за блогерски напад

Имам уште текстови, ама доста е за денес.

Се уште мислите дека постои Блогонадеж? :))))

Tекстот беше оставен како коментар кај Леонова, на тема истоветна со овој пост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here