Дома Тајната книга (серијал) Зошто Бигор(ски) во Тајната книга? (9)

Зошто Бигор(ски) во Тајната книга? (9)

1,837 views
0

 

Докажано е дека кај луѓето понекогаш остануваат работи кои честопати се рефлектираат во колективната свест преку одредени топоними. Така едно село во Македонија се вика Бигор, еден манастир кај с.Ростуше, од левата страна на реката Радика се нарекува Бигорски, но и еден град во југозападна Франција кој е поврзан со катарската Крстоносна војна  – се вика Бигор. Интересно е што грбот на овој град за основа има црвена боја. Црвената боја е боја на Богомилите. Но, нема да навлегувам во неговата хералдика. Таа не е тема на овој пост.

Бигорски е еден од главните ликови во Тајната Книга. Тој е еден чудак од Македонија, кој ги  испраќа пораките во Франција. Како што велат авторите на делото, тој себе си се идентификува со авторот на ,,Тајната книга”, за која се претпоставува дека ги содржи принципите на доброто и злото, принципот на моќта. На богомилската религија.

Цитат

…не сум сигурен за бигорот дали симболиката богомилска ја има од црвениот камен бигорен на Каин во Библијата, а и многу наши стари цркви се градени од бигор покрај другиот материјал … Фљамбур

Од блогот на Фљамбур

Но зошто Богомилството и бигорот? Која е врската помеѓу нив.

Прво, под бигор се подразбира калциум карбонатен камен. Тоа е оној истиот ,,талог” што го гледате кога ќе ви се расипе бојлерот. Истиот оној кој се додава на водата за да биде повкусна и “потврда” и за полесно со неа се измијат рацете и облеката.

Потоа, бигорот е дел од средновековните архитектурални зданија на територија на Македонија, бидејќи било вообичаено византиските цркви да бидат ѕидани од камен, тули и бигор.

Но, бигорот како талог може да биде разбран и на емотивна основа, како тежина, тешкотија, јад, болка, напатеност. Како една состојба кај дел од народот кој живеел на оваа територија и кој морал да најде начин да ја опише својата душевна состојба.

Кучињата квичат
волците се ближат
невестите бигор
на градите нижат

Месечина   – Матеја Матевски

Поврзувајќи ги сите овие работи, секако не смееме да си дозволиме по било која цена да ги толкуваме како што ни одговараат на нам, туку е потребна една доза на коректност при користењето на информациите. Мора да се остави место за проверка на фактите, а не за нивна шпекулација.

Сепак, симболиката на бигорот е и од повеќе јасна во филмот ,,Тајната книга“.

продолжува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име