Дома Археологија Идните археолошки сајтови

Идните археолошки сајтови

17,509 views
0

Пред точно еден месец во Рим се одржа Втората конференција за далечинско управување (Remote Sensing) во Археологијата. Темата беше “From Space to Place”, а како топик на дискусиите освен археолохијата беа опфатени и: пејсажот, околината, екосистемот, процесирањето на слики, виртуелната реалност, 3D визуелизацијата, конзервацијата, геофизиката, фотограметријата, open source како и GIS примената во културното наследство. Вниманието ми го привлече едно истражување на University of Colorado и NASA, каде преку сателитски снимки на истражувачите им е овозможено виртуелно да ги набљудуваат старите патишта во Централна Америка кои пред 2000 години служеле како аџилак кон една древна некропола.

Но сето ова треба да се публикува некаде. А каде на друго место, ако не на интернет. Како напредува технологијата, така стануваат се поголеми и побарувањата на опциите кои би требало да ги поседува еден сосема обичен сајт за археологија. Кој нормално јас веќе одамна го планирам.

Бидејќи влеговме во 21 век, ерата на технологија, со нејзина помош се создадоа CAD како и инструменти за проспекција (т.е. рекогносцирање*), слики добиени по пат на далечинско управување и сателит, дигиталното скенирање, GPS (Global Positioning Systems), фотограметриско мапирање и дигитални/видео (мултимедиа) слики. Сите тие се од пресудна важност при добивањето на археолошките информации, вклучувајќи ги и GIS (Geographic Information Systems) и EDA (Exploratory Data Analysis) софтверите, кои пак се од значење при обработка и анализа на веќе добиените податоци..

Така сите нови платформи и темплејти кои ќе се појавуваат, ќе мораат неминовно да ги поддржуваат овие алатки. Ова води кон тоа дека идните сајтови за археологија, заедно со развитокот на компјутерите, ќе поседуваат една графичка датабаза, каде што наместо досегашните цртежи на нив, ќе можат истите да се видат од секаква перспектива (значи тродимензионалност на археолошките локалитети или споменици, архитектура, артефактите, локацијата итн.. ), во секаква ориентација и низ еден временски континуум, кој секако ќе биде контролиран од корисниците. 🙂


*рекогносцирање=површинско набљудување