2007 January » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
31st January 2007

Homo homini hobbit est (дел втори)

Претпоставувам дека овој сегмент од научната расправа понатаму ќе се одвива под терминот ,,Војна на хобитите“. Уште многу одамна пишувава дека кога беше пронајден Човекот со nickname Хобит, се разви научна контроверзија и се отвори прашањето дали тој е една една од многуте изгубени алки од антрополошкиот развиток на човекот, кој живеел во исто време кога и Современиот човек во Европа.Подоцна, контроверзиите со Homo floresiensis продолжија во научните кулоари и дебaтите можеа да се следат на два светски блога.

Пре некој ден во јавноста излезе информација дека е направена студија во која се докажува дека човечките ,,Хобити”, се всушност нов вид, и она најинтересно. На истражувачи кои ги пронајдоа остатоците, дури по 2005 год. им е дозволен пристап на локалитетот, така да ископувањата во ,,пештерата на Хобитите” можат да продолжат.

BBC своите извори ги црпи од списанија како Nature и PNAS, при што понекогаш (не секогаш) наведува и линкови надвор од својот сајт. За разлика од написот во Дневник кој го гледам како крајно застарена (copy/paste) форма во обидот да се следат светските научни текови.


Дополнувања:

“Hobbit” Was Own Species, Not Diseased Human, Brain Study Says

Cavern may hold answers to hobbits riddle
FSU anthropologist confirms ‘Hobbit’ indeed a separate species
Anthropologist Confirms ‘Hobbit’ Indeed A Separate Species
‘Hobbit’ a new species - study
Researchers say ‘Hobbit’ skeleton was separate human species

напишано во Палеоантропологија | 0 Коментари

29th January 2007

И,, јазикот” е вирус

Ако тишината е моќна алатка помеѓу љубовниците, тогаш како ќе научиме да зборуваме. Ако љубовта е секс и ако треба да заведуваме молчејќи, што ни преостанува? Каде се тогаш зборовите тоа да го запишеме. Зошто незапишано-неслучено.

Постојат многу вируси на светов. Но најголем од сите е човечкиот “,јазик”. Во светот на тишината тој е бепомошен. Но во светот на говорот, ,,поганиот” човечки јазик е помошно средство. Kаде поминува и траг остава, таму повеќе ништо не битисува.

Дали на човечкиот род треба да му се забрани да пишува, за да…?

напишано во Администрација | 0 Коментари

28th January 2007

Арехеолошки ТАГ

Всушност се работи за еден дел од археолозите чија цел е преку дебатите и дискусиите да ги промовираат најновите достигнувања во полето на теоретската археологија. На ТАГ (Theoretical Archaeology Group) како виртуелна помош за нивната работа, во септември 2005 едно од најреномираните светски списанија - Аntiquity им отстапи дел од својот интернет простор каде фино се удомија. Тука можете да прочитате за сите нивни активности.

напишано во Архео1 | 0 Коментари