21st
December
2006
Постот на Психолог за инцидентот кој му се случи пред една недела во градскиот автобус број 5, се најде како
напис во весникот Вечер. Имено блогерот кој е админситратор на
блогот за Психолошки работи, при едно возење во автобусот број 5,
побарал фискална, но завршил во полиција.
Решив да се возам без билет, токму од причина што Владата преку медиумската кампања укажува дека имаме право да не платиме за производ или услуга ако не ни биде дадена фискална сметка. Во автобусите на ЈСП возачите не издаваат фискална сметка, вели еден скопјанец
Дефинитивно во оваа држава не постои никакво почитување на законите. Од инцидентите кои во последно време се случија со брзина на светлината, може да се заклучи дека ептен лесно се завршува во полиција, дека те апсат за што сакаат и каде сакаат, дека те претепуваат во разно разни ,,Просеси” и те прават ,,виртуелна” палачинка ако кренеш глас.
Баш се нанарвирав, нема да напишам ни заклучок на постов, не за друго… човек не знае дали следниот пат можеби ќе блогира од Шутка..све бива у оваа држава :)))))))))))
p.s. Инаку Вечер во својот напис ниу кажале како се вика личноста која ја дала изјавата, ниту дека е блогер кој блогира под свое име и презиме, ниту дека не се први кои ја кажуваат оваа информација. Блогосверата за ова пишува веќе цела недела.
напишано во Мои размисли за... |
21st
December
2006
Претпоставувам дека се уште се сеќавате на скандалот со фалсификуваните дипломи од Тетовскиот универзитет (
1,
2). На него како шлаг на торта се надоврза овој новиот, како
некои луѓе со визитките од министерот за култура станале асистенти.
За оние кои мислат дека во дипломите пишува кое високо образование го завршиле, треба да ги проверат уште еднашка.
Ќе видат дека во нивните дипломи стои:
* името на човекот кој ја издал дипломата (на пр. Императорот на Универзитетот)
* името на оној кој ја примил дипломата
* самиот акт (т.е. правата кои се имаат со оваа диплома)
* понатамошни спецификации
* датумот
* имињата на сведоците кои биле граѓани на Универзитетот.
Јас овдека не гледам никаква титула за завршено образование, иако порано диплома можел да поседува само ,,граѓанин од прв ред”. Ако не ви е познато, во стариот Рим под диплома се подразбирала една плочка или пломба (обично камена) изработена во две идентични верзии. Едната си ја носел човекот со себе, а другата се чувала во библиотека во Рим. Таа плочка всушност била неговата лична карта и представувала доказ дека оној кој ја поседува, е слободен граѓанин на Римската Империја. Две такви плочки, т.е. две пломби = ди пломба, односно = ди - плома.
Затоа кога следниот пат некој ќе каже дека има диплома, нека му биде јасно што всушност поседува.
Е па нека ви се на здравје плочките.
А визитките? Чекајте де, уште сме на ниво на пломби. Не сме излегле од ,,каменото” доба :))))))
напишано во Мои размисли за... |