Home Тајната книга (серијал) Крстот на Водно vs. Тајната книга (7)

Крстот на Водно vs. Тајната книга (7)

825 views
0

Би сакала нешто да остане запишано во мојот дневник како сувопарен факт. Додека траеше промоцијата на филмот Тајната книга во кино Милениум (за чие прикажување беа доделени само две недели), во исто време во медиумите (пишани и електронски) се разви дебата по повод Крстот на Водно.

Да се отштрафи или да се заштрафи (конструкцијата)?

И додека јас го пишував мојот серијал посветен на Тајната книга, во блогосверата се кршеа копјата за судбината на крстот. Неоспорен факт е дека блогерите ништо конкретно не можеа да сторат по повод овој настан, и наместо што ја потрошија својата енергија во пишување и коментирање на постови ,,За” или ,,Против”, можеа да отидат и да го погледнат филмот. Како бе ќе коментираш за симболизмот на крстот кога не си ја познаваш својата сопствена религија и култура? А? Како? Кога не знаеш кој си, што си, од каде си, зошто си тука каде што си и од каде ти доаѓа секоја крвна клета која ја носиш во себе?

Како ќе коментираш за симболизам кога немаш ниту идеја ниту представа што конкретен симбол (а не е само еден) значел за одредена култура во текот на цивилизацискиов развиток?

Целата ситуација беше многу смешна, бидејќи сите “компетентни” се з`гнаа да искоментираат за крстот, ама само неколку блогери го дадоа својот став за филмот. По се изгледа дека проблемот со квази стручњаци за симболизам се уште постои, а со развитокот на интернетов расте со геометриска прогресија.

Сега уште само фали да се развијат дискусии дали стварно постојат ,,Писанија постари од цивилизацијата”, дали ,,Индијанците се мавале со асирски глинени плочки заради лонгитудиналните ноќи”, дали ,,Синдром на магнетен поларитет на земјата предизвикал фертилност кај латиноамериканскта популација”, и ,,Колку параметрите од воздухот делувале на клиентелата на канибалистите”.

Ајт може и некоја магистерска ќе излезе од овие теми ……… :)))))))))))))))))

продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here