2006 December 19 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
19th December 2006

Св. Никола

Повеќето од блогерите посветија внимание на Св. Никола, еден од најфреквентните празници кој се чествува, така да јас само ќе се надоврзам посакувајќи на оние кои ја прославуваат, славата да им биде вечна, а именденот - за многу години.

Инаку Св. Никола е празник кој убедливо се слави најмногу во Македонија, како и на територија на град Скопје (затоа што градот има случајно ексклузивитет да поседува најголема бројка на жители), а по неа доаѓаат Св. Архангел (зимски), Св. Димитриј, Ѓурѓовден итн…

За оние кои не се доволни упатени, Св. Никола се упокоил на 6 декември 343 година, а неговиот гроб се наоѓа во Бари, Италија.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари

19th December 2006

Крстот на Водно vs. Тајната книга (7)

Би сакала нешто да остане запишано во мојот дневник како сувопарен факт. Додека траеше промоцијата на филмот Тајната книга во кино Милениум (за чие прикажување беа доделени само две недели), во исто време во медиумите (пишани и електронски) се разви дебата по повод Крстот на Водно.

Да се отштрафи или да се заштрафи (конструкцијата)?

И додека јас го пишував мојот серијал посветен на Тајната книга, во блогосверата се кршеа копјата за судбината на крстот. Неоспорен факт е дека блогерите ништо конкретно не можеа да сторат по повод овој настан, и наместо што ја потрошија својата енергија во пишување и коментирање на постови ,,За” или ,,Против”, можеа да отидат и да го погледнат филмот.

Како бе ќе коментираш за симболизмот на крстот кога не си ја познаваш својата сопствена религија и култура? А? Како? Кога не знаеш кој си, што си, од каде си, зошто си тука каде што си и од каде ти доаѓа секоја крвна клета која ја носиш во себе?

Како ќе коментираш за симболизам кога немаш ниту идеја ниту представа што конкретен симбол (а не е само еден) значел за одредена култура во текот на цивилизацискиов развиток?

Целата ситуација беше многу смешна, бидејќи сите “компетентни” се з`гнаа да искоментираат за крстот, ама само неколку блогери го дадоа својот став за филмот. По се изгледа дека проблемот со квази стручњаци за симболизам се уште постои, а со развитокот на интернетов расте со геометриска прогресија.

Сега уште само фали да се развијат дискусии дали стварно постојат ,,Писанија постари од цивилизацијата”, дали ,,Индијанците се мавале со асирски глинени плочки заради лонгитудиналните ноќи”, дали ,,Синдром на магнетен поларитет на земјата предизвикал фертилност кај латиноамериканскта популација”, и ,,Колку параметрите од воздухот делувале на клиентелата на канибалистите”.

Ајт може и некоја магистерска ќе излезе од овие теми ……… :)))))))))))))))))

продолжува

напишано во Тајната книга (серијал) | 0 Коментари