2006 December 17 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
17th December 2006

Теологија во бои

Денешниот ден му е посветен на еден човек кој во текот на својот живот го составил Октоихот, Ирмологијата, Месецословот, Пасхалниот Канон и напишал многубројни богословски дела со вдахновение и длабочина.

Бил еден од најголемите борци против иконоборството. Но за жал Јован Дамаскин се упокоил во 776 година, и не успеал да го дочека Седмиот вселенски собор кој се одржал само неколку години подоцна. На него била одбранета идејата дека иконата не е идол.

Оваа победата на иконодулите е воедно победа над уметноста.

Затоа денешниов празник е и празник на уметниците.

                           Архангел Гаврил                     Богородица

Овие две икони кои потекнуваат од 11 век, ја сочинуваат двостраната композицијата Благовештение.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари