Лидија од Македонија во Тајната книга (6)
Оваа премиса е на неколку пати цитирана во филмот и се доведува во врска со главниот лик Павле Бигорски кој себе си се идентификува со авторот на Тајната книга.
На патот кон Македонија, Апостол Павле застанува во Филипи, каде исто така покрстува луѓе. Лидија од Македонија живеела и работела во древниот Филипи продавајќи црвени ткаенини. По потекло била од малоазиската македонска колонија Тиатир, а оваа сторија е важна зошто во ,,аналите на историјата” е запишана како првата Античка Македонка која го прифатила Христијанството од Св. Павле токму во Филипи. Лидија веројатно била со македонско етничко потекло, но родена во „странство“.
Дали во светската историографија со името на Лидија, останал запишан и еден код, кои со милениуми проткаен се провлекува магловито во корелација со територијата на Македонија. Во еден коментар кај Кибицерот на тема за Апостол Павле и неговите 3 патуања во Македонија напишав:
Јас имам поинакво мислење за мисионерските мисии на апостол Павле во Македонија. Мислам дека една од причините (посебно за второто и третото патување) била од економска побуда……Но,…
…Од друга страна…хм Лидија…од Македонија…па нели некогаш било обичај жената на домаќинот кај кој се престојувало, да биде споделена и со гостинот…
Кој знае…можеби и тоа било втора од причините…и денес постојат многу ,,Лидии од Македонија”…
Во Тајната книга хероината која дава верба, утеха, надеж, грижа и љубов - се вика Лидија. Од Македонија. Дали создавачите на филмот случајно или не, отишле еден чекор понапред во времето? Пренеле една универзална порака која низ временскиот континуум како шифра е запишана во едно име?
Ако е тоа врската со Кодот на Да Винчи, во тој случај се сложувам со компарациите. Зошто да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони или кимвал, што ѕвечи.
А сега остануваат овие три работи:Верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните ( 1. Кор.13, 1-13)
напишано во Тајната книга (серијал) | 0 Коментари















