2006 December 12 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
12th December 2006

Јазикот на Тајната книга и Богомилското движење (5)

Богомилското движење (ако може да се третира како такво) иако се појавува на Балканот, своите корени ги влече од исток, од Манихејството и Гностицизмот, кои пак своето потекло го влечат од Заратустра. Подоцна овој дуазлизам можно е  да се следи во Херцеговина, некогашно Захумље делумно преку археолошки материјал во вид на стећци (кои треба да се доистражат), каде Богомилите се придвижиле во напор да ги избегнат прогоните на Црквата. Од Балканот одејќи кон северо-запад, со себе го понеле начинот на живот и размислувањата, преку Босна и Далмација, се до северна Италија и југот на Франција (каде што се познати како Катари).

Како литература би можела да ја посочам книгата на д-р. Никос Чаусидис ,,Дуалистички слики“, каде тој преку археолошки материјал (медиумот-слика) се обидува да го следи Mанихејството и Богомилството на територијата на Македонија. Искрено, таа е и еднинствената книга која ја знам од областа на археологијата и историјата на уметноста, а да допрела тема поврзана со оваа ,,религија”.

Интересен факт кои се дознава од историските извори е дека Вук Караџиќ го земал  источно-херцеговскиот дијалект како основа за реформата на српскиот јазик,бидејќи го сметал за најдобро сочуван народен јазик.Тој потекнува токму од тие краеви во кои Богомилите во Србија масовно се населувале.

Од ова може да се забележи дека Богомилите биле прилично подвижни, со полу-номадски начин на живот. Дали притоа тие навистина успеале да го сочуваат народниот јазик и писмо? Дали пишувале на глаголско писмо? Прилично е тешко е да се каже бидејќи директни извори нема. Еднинствени извори се оние од нивните современици-непријатели, почнувајќи од Презвитер Козма па понатаму. И два преписи на латински јазик. Едниот во Франција од 12 век, а другиот во Австрија од 13 век.

Оригиналот на Тајната книга до ден-денес не е пронајден. Но кој ќе го изгледа филмот ќе пронајде нешто друго…


За мене најинтересен заклучок кој можам да го извлечам од чисто историски контекст е како можело на една територија како што е Македонија во ,,приближно” исто време да постојат луѓе кои му дале душа на овој народ со писменост и религија, и ,,група бабуни кои сакале со стап да им ја здробат главата”?

Препорака за читање: * Ђорђе Ћапин - Мит о богумилима
                                            * Проект Растко - разни статии


продолжува

напишано во Тајната книга (серијал) | 0 Коментари

12th December 2006

Се одржа Осмиот вселенски собор во Скопје

Конечно по 1219 години чекање, се случи и тоа. Вчера се одржа Осмиот вселенски собор, познат и како Скопски собор. Во аналите веројатно ќе биде запишан како еден од најавангардните, после оној против иконоборството. Дополнителните извори ќе кажат дали се работи за лажен собор, или дефинитивно на него се уточнила доктрина која ќе ја прифати целиот христијански свет.

Се уште не се знае дали ќе се спомене во продолжението на Новиот завет, со оглед на тоа што помина мирно, без инциденти и без судење. Што се однесува на теолошкото учење не можам дефинитивно да бидам сигурна. Знаете, сите одлуки кои се донесуваат на еден собор можат да бидат догми или канони. Но се верификуваат исклучиво само ако претходно биле прифатени од сите сестрински цркви.

Подолу можете да ја видите листата на сите собори до сега:

    * Прв вселенски собор (Никеја) - 325
    * Втор вселенски собор (Цариград) - 381
    * Трет вселенски собор (Ефес) - 431
    * Четврти вселенски собор (Халкедон) - 451
    * Петти вселенски собор (Константинопол) - 553
    * Шести вселенски собор (Константинопол) - 681
    * Седми вселенски собор (Никеја) - 787
    * Осми вселенски собор (Скопје) - 2006, Азбуки - предавање на Кибицерот)

Седумте Вселенски Собори на Православната Црква, насликани во централниот дел од источниот ѕид на припратата во Сопоћани.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари