2006 December 11 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

11th December 2006

Прашања околу етногенеза на Античките Македонци - предавање

Колку за подсетување

за плакатот повеќе кај Кибицер

За интервјуто на линков.

напишано во Архео1 | 0 Коментари

11th December 2006

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

„Градот Никејски се фали со вашите пелени, богоносни, Тиверискиот пак, со чудата ваши се насладува и со страданијата се украсува, Теодоре, Божествен, и Тимотеје, Евсевие, богоблажен, и Комасие - и со песни Го воспева Христа во сите векови. Со свештени песни да ги воспееме Петар и Теодор, Јован, Никифор, Сергиј и Василиј, Тома, Харитон, Даниил и Јеротеј, со нив и Сократ себлажениот: сета твар нека Го благословува и нека Го превознесува Бога во сите векови.“

Денеска е големиот празник Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици. Легендата за нив вткаена и на истоимениот археолошки локалитет, е составен дел од битот на некогашен Тивериопол, а денешна Струмица. Црквата посветена на овие светци, која се наоѓа во истоимената месност, содржи еден од најстарите фрескоживописи во Македонија, на кои се претставени овие светители.

„Но мачениците, бидејќи неограничени по силата на Христа, чинеле чудеса изобилно не само на месните жители туку веќе ги распространувале надвор од границите. Зашто сите што биле обеспокојувани од демони и измачувани од други телесни слабости, кога пристапувале до ковчезите нa светите веднаш добивале исцеление, така што мнозина од Елините, водени од тие чудеса, ја познале вистината, пристапувале кон верата Христова и примале Божествено Крштение, и на тој начин ниту во Тивериопол ниту во околината не останал ниту еден безбожник…”

Воедно, денеска е празник и на градот Струмица, па нека им е честит.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари

11th December 2006

Тајната книга на Википедија (4)

По поставувањето на инфо текстот за филмот Тајната книга на англиската Википедија од страна на Развигор, поставив соодветен  и на македонската верзија на Википедија. Со онолку податоци колку што дозволуваат авторските права на филмот.


За текстот кликнете тука, а пожелно е негово надополнување бидејќи написот е никулец, па секој заинтересиран може визуелно и текстуално да го дообликува .


продолжува

напишано во Тајната книга (серијал) | 0 Коментари