Home Тајната книга (серијал) Селото Богомила, планината Бабуна и една ,,Тајна книга” од Македонија (2)

Селото Богомила, планината Бабуна и една ,,Тајна книга” од Македонија (2)

2,085 views
1

 

По името на еден поп засекогаш останал називот на едно село (Богомила). Од бабуните, кои Стефан Немања со декрет ги уништил како движење (подоцна и членот 85. во Душановиот законик ја казнува ,,бабунската реч”), останало името на една планина (Бабуна). Така помеѓу едно село и една планина, во центарот на денешна Македонија, се наоѓа и една – Тајна книга. Всушност овие топоними и ,,една изчезната книга” се еднинствено нешто кое во Македонија останало од Богомилството или т.н ,,дуалистичко верување”. Можеби и археолошкиот материјал…но тоа во некој иден пост, ако дозволи просторот.

Зошто толку малку останало ако се смета дека Македонија била колевка на Богомилството?

Богомилите биле интересна религиска секта која  поради одредени социјални проблеми кои постоеле, се појавила во средниот век на територијата на Балканот. И ден денеска го препознаваме зборот богу-мил кој е од словенско потекло. Но…Според Никос Чаусидис името Богомил може да има и древно-пагано-словенска традиција, бидејќи во 9 век во Новгород, Русија, е забележан пагански жрец кој давал отпор кон покрстувањето на Словените, а се нарекувал Богомил. Според ова зборот богомил има словенска традиција, но не значи мил на Бога (богумили) туку богомолец, врач, оној којшто е задолжен да се моли на Бога.

Дали навистина Богомилите биле толку силни и моќни, колку што некои им придаваат значење? И прашање е колку Македонија во средниот век била значаен центар на Богомилите, за кои сите начелно сите се сложуваат дека биле припадници на едно ,,автентично дуалистичко’ движење.

Никос Чаусидис

“Според сега познатите научните факти на богомилството не може да му се залепи епитетот македонско, тоа не е еминентно македонски феномен. Изворите говорат дека има јасни аргументи дека големите јадра на ова учење се наоѓаат во Мала Азија, Бугарија, Босна. Така што мораме да се заштитиме од патриотистичкиот елемент кој не ни служи воопшто”


Ако објективно се погледнат работите, нема да промакне фактот дека Богомилскиот дуализам бил всушност еклектицизам. Така да мене не ми е јасно како може едно еклектично учење, да се нарече ,,оригинално”.

продолжува

1 COMMENT

  1. dobra e stranicava ahhahahhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaahhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaahhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh 🙂 :::::: 😀 :*

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here