2006 December 08 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
8th December 2006

Први импресии од филмот Тајната книга (1)

Спремни ли се сите кои ќе ги изгледаат филмот да се соочат со себе си и со Тајната на една книга. Но има нешто што е поголемо од еден филм. И од една книга. Нешто што е безвременско и вечно. Во него лежат сите тајни. А се додека постојат тајни, ќе има и луѓе опседнати со нив.

Кога го гледав Кодот на да Винчи запишав:

Овие два филма кои некои ги компарираат, се просто неспоредливи. Едниот е комерцијален и носи глобална (општа) порака од светот на религијата. Тајната книга е уметнички и носи порака за еден народ. Од едно срце. За цел свет.

Да се разбереме. Не помислувајте да одите да го гледате филмот, пред добро да си прочитате за христијанската религија, за манихејството, дуализмот и за богомилството. И пак е прашање колкумина ќе ја разберат пораката која тој сака да ви ја прати. Каде е Тајната книга и што е запишано во неа?

И дали навистина секој го гледа она што сака да го види, или она што му е навистина запишано? А ако е запишано, каде е тоа запишано?

Има некои работи поголеми од еден универзум.

Има работи поголеми од еден човек.

И од неговото срце.

По втор пат го повторувам истото:

,,Неоспорен факт е дека после гледање на Тајната книга се развиваат дискусии од кои единствено нешто што можеме да научиме е како и колку да се слушнеме себе си и да си ја разбереме својата сопствената духовност.”

продолжува

напишано во Тајната книга (серијал) | 0 Коментари

8th December 2006

Дали е пронајден гробот на Апостол Павле?

Базиликата San Paolo fuori le Mura е една од петте цркви за кои се сметаат дека се дел од базиликите на стариот Рим. Секако најголема е онаа во самиот Рим, посветена на Св. Петар, но за оваа која се наоѓа надвор од ѕидините, се претпоставува дека го содржи гробот на Апостол Пaвле.
Оригинална инскрипција

,,Paulo Apostolo Mart
 - дел од текстот кој е на латински-.

Вчера беше објавено дека после четири години ископувања на самата базилика, археолозите пронашле еден саркофаг со гореспоменатата инскрипција. Претпоставуваат дека го откриле гробот на апостол Павле. Ова ќе биде интересно да се следи од повеќе аспекти. А јас го чекам следното продолжение. Или како што би рекол еден мој пријател…Дали е ова можеби провидение :)

напишано во WWWести | 0 Коментари