2006 December 07 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
7th December 2006

Најстарата клетва на свет, запишана на нет

Неодамна археолозите ја открија најстарата досега запишана клетва на светот. Римјаните се доказ дека клетвата отсекогаш се сметала за моќно средство во борбата со медиумите (простете во стариот Рим како медиум било означена појава или персона која денес се смета за надмината).

“To the god Maglus, I give the wrongdoer who stole the cloak of Servandus. Silvester, Riomandus (etc.) … that he destroy him before the ninth day, the person who stole the cloak of Servandus.”

Од денешна перспектива истата таа клетва би се парафразирала како:

,,Да даде Господ, богот ******на оној ******  што ме избриша, да направи да му падне севишниот оперативен систем и да ме чита од Шутка.”

Молам…секој кој го сватил ова лично, се однесува токму на него. :))))

напишано во WWWести | 0 Коментари

7th December 2006

Колумните на Никица

Никица Корубин ми е пријателка и колешка уште од факултетските денови. Пред две години магистрираше на Катдрата по археологија со темата ,,Фибули во протоисторијата”. За насловот на тезата не сум баш најсигурна. Не и отидов на одбраната бидејќи не бев во државава.

Едно време Никица пишуваше колумни во Утрински весник, па престана од некои необјасниви причини. Еве некои од нив:

*Последниот антички владетел од Таор

* Букри - еден од заборавените градови на Македонија

* Стибера - Тајните на мистичниот град

* Во тврдините на Демир Капија - Приказна за дрвениот театар

Колумните на Никица беа моќни, и квантитативно и квалитативно. Пристапот - интересен, фабулата - градуирана, мислата - необична. Ретко виден афирмативен пристап при третирање на научните информации, и како што велам стално, без додатна мистификација на текстот со зборови од непознато етимолошко потекло. Тука нема што многу да се говори.


Едноставно…Никица врати се, ни фалиш во сајбер прострот.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари