2006 December 01 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
1st December 2006

Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови… (2)

                 Менхири, Карнак - алинјемони
Самиот збор мегалит представува сложенка од двата грчки збора - мегалос (голем) и литос (камен).Кога ќе се каже дека е нешто мегалитско (гроб, обсерваторија итн.) се подразбира дека е направено од прилично огромни камења кои се употребени како основа за некаква структура или споменик. Ги има несекаде во светот. Некои се лоцирани вдолж Медитеранот, концентрирани во Западна Европа, или само во Англија. Сите тие архитектонски праисториски споменици, во суштина имаат свои составни елементи: МенхирМенхир - (men-камен hir-долг) бретонски израз за еден исправен камен, монолит, вертикално вкопан во земја. Тие се основата на многу праисториски мегалитскиМехнир споменици во З. Европа. Можат да бидат распоредени линиски (алинјемони-  како на пр. Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Мехнирите пак се омилена тема за шпекулација во псеудоархеологијата. Но толку се препознатливи од праисториските култури што дури од време на време ќе се се појават и во некој друг медиум (како на пр. Астерикс).
               Кромле                Трилит

Трилит - структура која се состои од три огромни камени блока. Два од нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како архитрафна греда. Може да биде и составен елемент од некој хенџ.

ДолменДолмен - (tol-маса, men-камен) или камена маса. Стар бретонски израз за да се означат камените гробни конструкции во вид наДолмен џиновски маси, бидејќи навистина така и изгледаат. Можат да бидат составени од два исправени камена и еден хоризонтален кој налегнува во нив (формирајќи ја буквата П) па се до групација од такви камења. Најчесто се состојат од три до шест големи камени блокови вкопани во земја преку кои е положена огромна камена плоча.

ХенџХенџ - кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот им е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога излегува на денот на летната долгодневица (1,2) или зимската краткодневица. Можат да бидат составени од компоненти кои вклучуваат - камени седишта, камени кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн…

Хенџ

Теориите за што можеле да бидат употребувани овие хенџови ќе ги оставам за друг пат. Но најчесто се поврзуваат со култни ритуали и астрономски обсерватории.

Инаку целиот овој текст беше поттикнат од неодамнешното пронаоѓање на еден оваков хенџ во Германија стар 7000 години, за кој неофицијално е потврдено дека е можеби најстарата мегалитска праисториска обсерваторија во светот.

Имам чувство дека во ерата на водолија и пронаоѓањето на нашето Кокино, одеднаш почнаа да се откриваат мегалитски обсерватории насекаде низ светов кои вообичаено се компарираат со Стоунхенџ во Англија. За сега не можам да ја фатам нишката. Барем не на научна основа.*

текстот е репринт и може да се публикува* исклучиво под CC лиценцата2.5

написот беше искористен да се постават и уредат споменатите термини на македонската Википедија.

напишано во Прилози на Wikipedia | 0 Коментари

1st December 2006

Мислев дека сум само јас банирана од on net :)))))

Мислев дека сум поласкана со тоа што само јас и мојот блог сме банирани од on net. Кога тоа…:))))))))))


Банерот е Courtesy of Princ of Кајгана, среќен корисник на WADSL.
Го ставив како моментална поддржка на р-Еволуција.


p.s. Постот набргу ќе биде повлечен. Зошто сепак ова не е мој начин на  ,,враќање стари сметки”.

напишано во Администрација | 0 Коментари

1st December 2006

Виртуелната Хералдика на општина Аеродром

Хералдиката (покрај тоа што е третирана како помошно-историска) е наука за грбовите. Секоја држава, град, општина, фамилија или фирма, политичка партија итн.. може да има свој грб. Дизајнирањето, спојувањето, наследувањето, како и блазонирањето (опишување, читање) на грбовите има свои правила исто како што секој грб има свои составни делови, т.е елементи.

Бидејќи општина Аеродром, немала свој грб, а се ближи Новата Година, тие трчи трчи набрзинка, си најмиле луѓе и си измислие грб. Велат било срамота што немале сопствен грб. Како инаку ќе штампаат флаери за Нова Година?

Ова се грбовите на Град Скопје, општина Кисела Вода и општина Старо Нагоричане.

 
   

Ова се грбот и знамето на општина Аеродром.

Се прашувам дали грбот и знамето на општина Аеродром ги исполнуваат хералдичките критериуми? А како второ…нели ви се чинат малку усилени за разлика од другите грбови? Некако потсетуваат на лого од некоја политичка партија…

Останатите грбови и знамиња можете да ги погледнете тука.



 Македонски Хералд бр.1 - Официјалниот Гласник на Македонското Хералдичко Здружение


Корисни линкови:

Саjт на Македонското хералдичко друштво

 Хералдика во Македонија

напишано во Архео1 | 0 Коментари