2006 November » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
28th November 2006

Суперпозиција и горе-доле артефакти

Едно од најинтерените прашања на едно археолошко ископување е она кога на самата површина се наоѓаат артефакти од различен временски период. Од каде ли треба да се почне со ископувањето?

Закон за суперпозиција

layers are arranged in a time sequence, with the oldest on the bottom and the youngest on the top, unless later processes disturb this arrangement.

Со самото ископување на еден археолошкиот локалитет се добива и неговата стратиграфија. Постојат два вида на стратиграфија - хоризонтална (тлоцрт) и вертикална (пресек). Непишано правило е кога се копа одозгора надолу, оние предмети кои се наоѓаат најгоре да се најмлади, па како се оди подлабоко, се доаѓа до се постари и постари културни словеви. Но, дали е тоа секогаш така?

Дојдовте до крај со ископувањето? Аха, значи тие предмети што се најдолу е најстари?

Не…Оооо…Зошто?

Не знам на колкумина од вас ви е познато но и предметите во земјата се движат. И тоа и горе и долу, и лево и десно. Надолу се движат со помош на гравитација, а нагоре, лево и десно со помош на орање, копање, земјотреси (т.е. разни гео-текстонски поместувања итн.). Значи, може да се случи геолошко претумбување до тој степен, да постарите слоеви дојдат над подмладите.

И што прави во тој случај еден археолог? Знам дека не сте сите археолози, ама дали можеби ќе ви текне?

напишано во Архео1 | 0 Коментари

27th November 2006

ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ ВО МАКЕДОНИЈА

или можност за спиритуален туризам

Македонија е библиска земја со огромно богатство на цркви, манастири, лековити води и чудотворни икони. Бројот и разноликоста на преку 155 комплетно сочувани манастири и деведесеттина кои се во различна фаза на изчезнување ни сугерираат минато на луѓе чија историја е исполнета со создавање, уметност и спиритуалност.

Доцната антика и преминот кон средниот век завршил со распадот на Римското царство на Источно и Западно. Територијално и временски овој период оставил неизбришливи траги врз археолошкиот и уметничкиот пејсаж на Македонија, со оглед на фактот што нашата земја отсекогаш била крстосница помеѓу културниот Запад и мистичниот Ориент. Место каде секогаш бил присутен дуализмот на страдања и воскреснувања. Како што духот се издигнува над пропаста, како што денот ја победува ноќта.

Оттука започнува историјата на Византија која како моќна држава опстанала се до падот на Цариград под Турците, оставајќи зад себе непроценливо културно-историско богатство преточено (покрај архитектурата) најмногу во богатата палета на икони и треперливото фреско-сликарство во црквите и манастирите кои битисувале во овој период.

 

 

Почнувајќи од палеолитот, преку другите праисториски култури, периодот од времето на античките Грци, Римјаните, целиот Среден век па се до денеска, останати се траги во многу наши пештери. Некои од нив се ставени во рангот на археолошки наоѓалишта и со самото тоа се заштитени со законот. Во нив спаѓаат и т.н. пештерни цркви.

Веројатно восхитот и фасцинантноста се само дел од чувстватаЦрква Св.Лазар с.Бегниште (пештерна црква), Kavadarci кои не преплавуваат кога се соочуваме со овие енигматски христијански зданија. Изградени на влезот од некои пештери или во нивната внатречност, пештерните цркви мамат воздишки и стравопочит со својата импозантност, долготрајност и пред се мистичност.

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик представуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.

За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници. Поединечните испосници упатуваат на пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување, или можеби монаси кои сакале во посебен мир нивната душа да тргне по патот на светлината и да го најде својот дом блиску до Бога.

Почетоците на пештерното живописание

Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи. Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-сликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли можат да се следат уметничките тенденции кои провејувале во средновековнотот сликарство.

Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани извори, па денеска поради недостапноста на повеќето од нив, како и поради продирањето на атмосверските влијанија во внатрешноста, отежнато е нивното проучување,Св. Стефан Панцир анализирање и евентуална заштита. Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија. Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен) Монашка пештера и Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Вечниот сон, мој духовен дом

Секако дека за сегаПештерна црква, Струга ќе остане тајна, кои биле луѓето што на вака мистичен начин ја пресликале својата духовност на ѕидовите од карпите!?? Гледајќи го сликарството во целост, ликовните карактеристики откриваат раце на вешти зоографи кои одлично го познавале својот занает, и со вонвременска љубов сликајќи ги познатите сцени од Светото писмо и Евангелијата, ги преточиле во непознати уметнички дела полни со вдахновение. На овој човек уметник и верник, суштинската концепција му била можеби, да подигне храмови на непристапни и осамени места како дел од величенствениот поход кон кралството на вечноста.

И воопшто не зачудува зголемениот интерес на странските туристи во Македонија кои доаѓаат специјално само за да ги видат пештерните цркви, а тие пак како ретка културна вредност остануваат да бидат неми сведоци на нашата средновековна култура и уметност. Сега не ни преостанува ништо друго, туку од нив да направиме препознатлив бренд, фино да ги спакуваме и да ги понудиме на светскиот пазар.

п.с. ако сакате повеќе да дознаете можете да ја консултирате книгата на Гоце Ангеличин - Жура : “Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион”, или да го прочитате неговото интервју.

текстот е репринт


п.с. овој напис беше искористен да се прошири и надополни истоимениот текст за Пештерни цркви на македонската Википедија.

напишано во Прилози на Wikipedia | 0 Коментари

25th November 2006

Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја

 

Ако Босанците ја бараат Пирамида, тогаш каде се Херцеговците? Одговорот на моето прашање од предходниот пост го дава блогерката Stultitia.

Херцеговците ја бараат древната Троја.

Мислам дека Босна и Херцеговина со својот ,,недостаток на идентитет” конечно го допре дното на квази-археологијата. Подолго време оваа ,,Федерација” е погодно тло за препукување на квази стручњаци кои и нанесуваат огромна научна штета (за сметка на популаризација на државата). За жал, она кое го работат тие наидува на одобрение од страна на Босанската влада.

На почетокот од 80-те години од 20 век археологијата и палеонтологијата (која рака на срце навистина ја има во огромни количини) во САД беа во огромна криза. Ако филмовите за Indiana Jones и Jurassic Park му беа специјално нарачани на Steven Spielberg од американската влада за популаризација на истите, тогаш не личи ли целава оваа работа со Пирамидите и Троја као перење на совеста на западната цивилизација за она кое во 90-те години и го направија на Федерацијата Босна и Херцеговина?

напишано во Археологија, Архитектура | 1 Коментар