Дома Археологија Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја

Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците древната Троја

1,977 views
1

 

Ако Босанците ја бараат Пирамида, тогаш каде се Херцеговците? Одговорот на моето прашање од предходниот пост го дава блогерката Stultitia.

Херцеговците ја бараат древната Троја.

Мислам дека Босна и Херцеговина со својот ,,недостаток на идентитет” конечно го допре дното на квази-археологијата. Подолго време оваа ,,Федерација” е погодно тло за препукување на квази стручњаци кои и нанесуваат огромна научна штета (за сметка на популаризација на државата). За жал, она кое го работат тие наидува на одобрение од страна на Босанската влада.

На почетокот од 80-те години од 20 век археологијата и палеонтологијата (која рака на срце навистина ја има во огромни количини) во САД беа во огромна криза. Ако филмовите за Indiana Jones и Jurassic Park му беа специјално нарачани на Steven Spielberg од американската влада за популаризација на истите, тогаш не личи ли целава оваа работа со Пирамидите и Троја као перење на совеста на западната цивилизација за она кое во 90-те години и го направија на Федерацијата Босна и Херцеговина?

1 КОМЕНТАР

Leave a Reply to Кралството на Античките Босанци » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име