Дома Администрација Препорака од 10 реченици за блогерски напад

Препорака од 10 реченици за блогерски напад

1,449 views
0

 

Кога некој ќе те нападне
знај дека зборува од својот свет
кој честопати е полн со суета, предрасуди и фрустрации
и ти ама баш немаш врска со него. Кој и да те нападне знај дека воглавном
(освен ако нападот не е издржано коректен)
прави само визуелна репликација на своите мисли
и коментарот повеке зборува за него самиот
отколку за тебе – блогеру

Како гледа еден блогер
затоа биди спремен…не читаат сите со исти очи 😉

оригинално постирано тука

Кога на времето напишав што е тоа блогерски напад и како да се одбраните од него, не мислев само на блогерите. Туку и на Администрацијата на Блогерај. Најинтересна работа со таа администрација ,,беше” што имаат чуден смисол за хумор при избирање на постови кои ќе се најдат на порталот. Многу луѓе ја знаат мојата професија, името на мојот блог беше (и се уште е) Археолошки дневник, имав одлични постови и написи од посочената област. Ама јас на порталот се најдов само кога пишував психологија или некоја з(аеб)езанција. :)))) За несреќа, суетата е една многу важна човечка карактеристика која како таква би требало да биде воведена и во опцијата ,,Kатегорија” на Блогерај. Ако можат сечија поезија да ја изедначуваат со Зоки Спијачот [за кој немам ништо против :)], а текстови во вид на колумни со ,,Сакате ли да бидете како Павле Трајанов”?, не гледам причина горенаведената категорија да не влезе во сериозна конкуренција.

А да. Ќе го заборавев најважното. Kако и во секој виртуелен свет, одработен механички, тие совршено си ја играат својата игра без чувства. Се прашувам кога ќе дојде крајот, дали роботите ќе имаат солзи да плачат?


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име