Home Лично Св. Архангел Михаил – мојата куќна слава

Св. Архангел Михаил – мојата куќна слава

7,574 views
4

Денеска е посебен ден за мене. Денеска ни е куќната слава Св. Архангел Михаил. Не ни била отсекогаш слава и не е наследена. Но веројатно во иднина ќе биде од страна на мене и брат ми.

Ја зема татко ми специјално во чест на тоа што пред многу години кога бев тинејџерка, преживеав една експлозија и по неколку месеци одлежани во болница се вратив жива и здрава.

Михаил е еден од четворицата архагели заедно со Габриел, Рафаел и Урсил. Архангелите пак се дел од деветте ангелски чинови опишани во книгата „За небесната Јерархија“, заедно со шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, и Ангелите.

Св. Архангел е неподвижен празник и секогаш паѓа на 21 Ноември. Во зависност од денот во неделата, може да биде посен или мрсен. Интересен феномен со оваа слава е што на пример во Прилеп ја слават еден ден порано (т.е. ја славеа вчера).

Има многу да се пишува за Св. Архaнгел Михаил, ама нејсе…

Кој слави денеска, нека му е за многу години.

Амин.

4 COMMENTS

  1. Благодарам Махлат.

    Нека ти е Среќна славата и нека е за многу години!

  2. нека е вечна славата и од мене иако со задоцнување. многу здравје и среќа во вашата куќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here