19th November 2006

APWR и недостаток на идентитет

posted in WWWести |

 

Дали навистина во Босна се случува нешто што ja надминува археолошката и геолошката наука? Имам чувство дека ова со пирамидава преоѓа во современ антрополошки феномен каде цело едно општество е манипулирано од псеудо-наука со која треба да се докаже патриотизмот и цивилизациските заслуги на ,,старо-босанскиот народ”.Што е APWR? APWR e групацијата на блогови обединети под името AntiPyramid Web-Ring, во која членуваат неколку блогери од Босна и Херцеговина, кои сметаат дека треба да се верува во патриотизмот, ама не и да се подлегува на она што со едноставни зборови Кибицерот би го нарекол, недостаток на идентитет.

На овие блогови може да се прочитаат епизоди на Босанската влада како во скеч на Монти Пајтон. Линковите од официјалните гласила на нив ќе ви кажат повеќе. Ако постојано се доведува под знак прашање босанскиот идентитет, тогаш каде се во оваа приказна Херцеговците?

Линк до официјалниот сајт за Пирамидата на сонцето

За Случајот ,,Босанска Пирамида” имам многупати пишувано. Mоже и хронолошки да се следи на мојот претходен блог:

1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија?
2. Срушена босанската пирамида
3. Пирамидата во Босна – природна формација
4. Апдејт на Пирамидата во Босна
5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1

Bookmark and Share

There are currently 2 responses to “APWR и недостаток на идентитет”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On November 12th, 2008, Босна и Херцеговина добива Катедра по археологија » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] од војната во поранешна Југославија и во која царувааат квази-научници како Османагиќ и неговите Пи…, а вистинските археолози се соочуваат со немоќ при [...]

  2. 2 On December 21st, 2008, Кралството на Античките Босанци » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] 5. Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1 6. APWR и недостаток на идентитет 7. Босанците ја бараат Пирамидата, а Херцеговците [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes