Home Лично Виза, ај батали

Виза, ај батали

586 views
0

Категорија – подршка на кампања Виза, ај батали!

Рутата

Тука ке ви ја представам рутата на протестот и предвиденото сценарио на протестот.

  • Почеток на манифестацијата во 11 часот пред Владата на РМ.
  • Обраќање до владата како институција, а не политичка партија која е на власт и барање од релевантните служби да им помогнат на грѓаните на Македонија, со забрзување на административните процеси (Конечно издавање на новите пасоши, допотпишување на договорите за реадмисија и електронско поврзување на граничните премини).
  • 11.40 Поворката ќе почне да се движи по улицата Илинденска, преку Орце Николов, и ќе скршне лево на улицата Димитрија Чуповски. На пресекот со улица Македонија, поворката ќе сврти десно кадешто во 12.20 ќе заврши пред Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.
  • На улица Македонија пред споменикот на Мајка Тереза, поворката ќе ја пречека импровизирана граница и граничари кои треба да го симболизираат нашиот влез во земјите од Европската Унија.
  • 12.20 Пред Делегацијата на Европската Комисија ќе ги потсетиме релевантните Европски фактори, дека Македонија и нејзините граѓани несмеат да бидат колатерална штета во бирократскиот систем на Унијата, и ќе биде испратена порака до Амбасадоро Фуере, од кого се очекува истата да ја пренесе до соодветните тела на Европската унија.
  • 12.20 Поставен е импровизиран визен ѕид на кој граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки.
  • 12.40 Се очекува да се обрати Амбасадорот Фуере.
  • 12.50 – 13.30 Музички бенд, под мотото Не играј пред амбасада, играј на подиум, како потсетник на понижувањата со кои се соочија Играорците од Битола минатата година кога беа натерани да играат за да добијат визи пред Амбасадата на Обединетото Кралство.
  • 3.30 Протестот завршува
ПРОТЕСТОТ ЗАПОЧНУВА ВО 11 ЧАСОТ НА 9 НОЕМВРИ 2006, ПРЕД ВЛАДАТА НА Р.М, И ПРОДОЛЖУВА ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА ЗАВРШИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here