2006 November » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
30th November 2006

Багдадската батерија

Ако сте мислеле дека батеријата ја измислил  Алесандро Волта, сте се прелагале, бидејќи археологијата е полна со изненадувања.

Една од светските мистерии е еден особено чуден артефакт, т.н. Багдадската батерија. Артефактот кој моментално се наоѓа во Museum of Ancient Inventions се верува дека е стар најмалку 2000 години и потекнува од т.н. Parthian период. Багдадска батерија во суштина е заедничко име за група на артефакти откриени 1936г. во селото Khujut Rabu, југо-источно од Багдад.

Во случајов, се работи за еден објект за кој се претпоставува дека бил галванска ќелија, веројатно употребена за обложување на злато врз сребрени предмети. Садот во форма на ваза, со светло-жолта боја, има висина од 12,5 сантиметра и дијаметар на основата од 4 сантиметра.

Како и зошто е користена оваа ,,батерија” останува енигма. Некои тврдат дека таа е доказ за знаењето на старите цивилизации за електрицитетот, милениуми пред тој да биде официјално откриен. Ако вие сакате да истражувате, линковите ви се тука: 1,2,3


Текстот беше поставен на порталот Алиби, во категоријата Археологија


написот беше искористен да се поставии и уреди истоимениот текст за Багдадската батерија на македонската Википедија.

напишано во Прилози на Wikipedia | 0 Коментари

29th November 2006

Владата за идната година вети огромен број на археолошки ископувања

Интересен текст во денешниот број на Дневник, во кој се вели дека Владата на Р. Македонија ќе одвои 500 000 EUR, за да изгради Музеј над вода на Охридското Езеро. Убав потег на Владата со кој докажуваат дека не само што си го почитуваат сопственото културно наследство, туку дека имаат и пари за истото.

Значи штом имаат пари за еден оваков ,,Музеј”, за очекување е дека следната година во Македонија ќе има огромен број на археолошки ископувања кои сите заедно не би чинеле ни стотинка од оваа бројка. :)

напишано во Архео1 | 0 Коментари

28th November 2006

Вклучи се на Википедија

Википедија е повеќе јазичен проект на креирање на потполна и точна слободна енциклопедија. Секој посетител може да додава и менува статии. Проектот на Wikipedia започна во јануари 2001, додека проектот Википедија на македонски јазик постои од крајот на 2004 година.

Матичната, англиска википедија, веќе надмина 1 500 000 статии (за споредба една Британика и Енкарта беa најголеми енциклопедии досега) и расте со огромна брзина заради неверојатно ефикасниот отворен модел. Во моментов македонската веризја има 8220 статии.

Во развојот на Македонската Википедија како заеднички проект можете да се вклучите преку некој од следниве начини:

1.Пишување нови статии
2.Проширување на веќе постоечките
3.Техничка помош (ако е потребна, посебно за табели, функции можете да се обратите за помош кај другите корисници)
4.Промоција кај други луѓе кои би биле заинтересирани да ги спроведат на дело горенаведените работи.

Зошто е потребна македонска онлајн енциклопедија :

-Зошто како држава досега немаме издадено релевантна општа енциклопедија (со исклучок на Македоника, која е само за Македонија и Македонски древности, специјализиран ЦД-ром за археологија и историја на уметноста).
-Зошто на ваков начин би имале бесплатна енциклопедија
-Зошто освен бесплатна, секојдневно би растела
-Зошто секој и од секаде би можел да ги користи нејзините податоци. Доволен ви е компјутер и пристап на интернет.

Презентација

Презентацијата изработена од Мисос можете да ја превземете тука

*п.с. избегнувајте секакви пцовки на било кој јазик и прости изменувања на статии, без аргументи во дискусиите, бидејќи ќе бидете третирни како вандал и автоматски ќе бидете избришани.


Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик.

Добредојдовте на Википедија!


За сега Википедија е подржана од сервисот Блогер МК

напишано во Прилози на Wikipedia | 0 Коментари